Тимот започна со тренинзите: Ќе биде тешко, но Македонија очекува пласман на ЕвроБаскет!

Машката сениорска репрезентација, денеска го одржа првиот од петте планирани тренинзи во Скопје, пред патувањето за Перм на 15-ти февруари. На првиот собир кој селекторот Александар Тодоров го закажа од 13:00 часот, се појавија сите повикани кандидати. Поради болки во пределот на листот од десната нога, првиот тренинг превентивно го пропушти Марко Симоновски. Од лекарскиот тим на нашата сениорска селекција веруваат дека веќе на некој од наредните тренинзи во Скопје ќе биде во строј, и подготвен за настап. Отвораме против Италија на 18-ти февруари од 15:00 часот, а ден подоцна…

ЕВРОБАСКЕТ 2022: Познати се термините за натпреварите во Перм!

Машката сениорска репрезентација на Макоднија, ќе ги одигра решавачките натпревари од квалификациите за Евробаскетот 2022 во доста рани термини, одлучи натпреварувачката комисија на ФИБА. Но, рани само според македонската пресметка на времето кое е „четири часа“ оддалечено зад часовната зона во Перм, каде ќе се игра и февруарскиот „меур“ од квалификациите. Првиот натпревар на турнирот кој ќе се игра во Арената „Молот“, многу извесно без присуство на публика, ќе го играме против селекцијата на Италија, од 15:30 по македонско, односно 19.30 по локално време. Ден подоцна, во истиот термин, ќе…

Големи проблеми за Тодоров: Еден позитивен кошаркар и други двајца под знак прашалник

Македонската кошаркарска селекција денеска од 15:00 часот ќе се соочи со тимот на Италија во арената „Саку Сурхал“ во Талин, но со доволен број на проблеми кои внесуваат паника во екипата. Имено, КФМ објави дека резултатите од последното тестирање во нашиот национален тим покажале дека Љубомир Младеновски има позитивен наод, а за Бојан Трајковски и Џејкоб Вајли следуваат дополнителни здравствени проверки. Покрај сите превземени мерки од страна на федерацијата, спроведени пред почетокот на подготовките во Скопје, но и за време на престојот во главниот град на Естонија, PCR тестирањето покажа…