Металург и Еурофарм Пелистер ги добија противниците во Лига Европа

Денеска во Виена, се одржа ждребот за групната фаза од Лига Европа, па РК Металург Скопје и РК Еурофарм Пелистер ги добија своите противници во второто по квалитет европско клупско натпреварување. Металург е избран во Група А, заедно со екипите на: Адемар Леон (ШПА), Висла Плоцк (ПОЛ), Чеховски Медведи (РУС), Феникс Тулуз (ФРА) и Фејверс (АВС). За тимот на Металург Скопје ова е тешка група, која ќе понуди вистински дуели во сите 10 натпревари. Но, да се надеваме дека ќе изборат пласман во екипите кои водат во следната фаза. Еуфорарм…

ЛИГА ЕВРОПА: ЕХФ ги објави шеширите на Металург и Еурофарм Пелистер

Европската ракометна федерација ги објави шеширите од групната фаза во Лига Европа за сезона 2020/21. Тимот на Еурофарм Пелистер се наоѓа во 3-от, додека пак, Металург Скопје е во последниот, односно 6-от шешир. Ждребот е закажан за утре во 11:00 часот, во Виена, а нашите претставници нема да можат да се најдат во иста група. Секоја од екипите ќе одигра вкупно 10 средби, 5 дома и 5 на гости. Од вкупниот број на екипи, првите 4 најдобро пласирани ќе го продолжат натпреварувањето во 1/8 финале. Во продолжение, можете да ги…

Изненадување во Битола: Тиквеш го совлада Еурофарм Пелистер 2

Во рамките од четвртото коло на Група Б, попладнево екипата на Еурофарм Пелистер 2 неочекувано загуби од гостинскиот тим на Тиквеш, со тесен резултат од 29:30. По трите врзани победи и гол разлика од +23, битолчани загубија во четвртото коло од Првата машка ракометна Суперлига на Македонија. Само да напоменеме дека Ковид-19 вирусот се најде за присутен и во тимовите на РК Струга и РК Охрид, откако веќе во мирување беше ставена Група А.

Еурофарм Пелистер 2 со сигурна победа над Младост

Откако натпреварите од Група А беа ставени во мирување поради појавата на вирусот Ковид-19 во две екипи, вчера се одиграа само дуелите од Група Б, каде сите фаворити ја оправдаа улогата. Вториот состав на Еурофарм Пелистер забележа сигурна победа од 22:30, на гостувањето во Богданци. Битолчани првиот дел го добија со 9:16, а во вториот одиграа нешто поопуштено, но сепак беа поуспешни со 13:14. Тимот на Бутел Скопје беше пречекан од составот на Тиквеш, кој досега е на учинок 0/3. Скопјани губеа во првиот дел со 12:9, но подоцна квалитетот…

Денеска започнува машката ракометна Супер Лига

Металург и втората екипа на Еурофарм Пелистeр денеска во 18:00 ја отвораат новата сезона од машката ракометна Супер Лига. Регуларниот дел од оваа сезона ќе биде одигран така што се направени 2 групи по 7 тима. Секое коло ќе биде слободна по една екипа од двете групи, односно колото ќе биде одиграно со 6 натпревари. Во првата А група се: Тинекс Пролет Скопје, Радовиш, Охрид, Струга, Астраион Струмица, составот на Кирил Лазаров, Голден Арт КЛ7 и Јуниор КВ. Втората Б група ја сочинуваат: Металург Скопје, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Младост…