Црн Дрим одигра добро, но не и да го избегне новиот пораз – Еуро Никел ја оправда фаворитската улога

Тимот на Црн Дрим, денеска беше „тврд орев“ – имаа повеќе од одличен почеток, двоцифрена предност, водеа и по истекот на првото полувреме, но тоа не беше доволно да го совладаат Еуро Никел 2005. ЦРН ДРИМ – ЕУРО НИКЕЛ    72:79 Веројатно и најдобрата четвртина ја одиграа стружани во мечот против гостите од Кавадарци. Во онаа првата делуваа ефикасно, како никогаш досега во овие изминати кола. Црн Дрим Грин мобиле реализираше дури 31 поен во уводниот период од дуелот со Еуро Никел 2005, што е вистинска реткост – 31:19. Но, работите…