ЖРК Куманово се разбуди од европскиот сон – во два наврати подобра беше Галичанка Лавов

Женскиот ракометен клуб Куманово денеска го заврши учеството во Европскиот Куп на ЕХФ откако испадна од украинскиот тим Галичанка Лавов во 1/16 финале, со вкупни 64:43. Македонскиот претставник поради немање на можности во својот град, и домашната средба ја одигра на гости во рок од 3 дена. Првиот натпревар беше на програмата во петок од 18:00 часот, а домаќинот стигна до убедлива и лесна победа со 33:17. Мила Трајковиќ и Александра Боризовска постигнаа по 4 погодоци, а Катарина Митровиќ забележа солидни 11 интервенции. Денеска со почеток од 11:00 часот, се…

Познат составот на ЖРК Куманово за првиот дуел со Галичанка

Познат е составот на ЖРК Куманово за првиот дуел со Галичанка во Лавов денеска од 18:00 часот. Тренерите на Куманово нема да ги имаат на располагање Марија Јовановска на голманската позиција и Ангела Јанкуловска која игра како лев бек. ЖРК Куманово: Катарина Митровиќ (Г); Александра Боризовска (К), Бранкица Марковиќ, Ана Шарановиќ, Медеа Чокели, Мила Трајковиќ, Јована Кипријановска, Тамара Ивановска, Наталија Пецанова, Амела Џакмиќ, Сара Цветановска, Тамара Краљевска, Хана Бечирхоџиќ, Нина Краљевски и Ива Димитривска; Судиската двојка доаѓа од Белорусија – браќата Буткевич. Украинската ракометна федерација директно ќе го пренесува натпреварот…

ЖРК Куманово по еден ден патување, пристигна во Лавов – утре е првиот предизвик

ЖРК Куманово пред малку пристигна во Лавов, Украина откако вчера во попладневните часови тргна на долг пат целата екипа и стручниот штаб на тимот. Поради реконструкција на салата во Куманово, екипата на Ненад Краљевски ќе одигра две средби на гости против Галичанка Лавов во нокаут фазата од Европскиот Куп на ЕХФ, односно 1/16 финале. Во нашиот состав, атмосферата е одлична и ракометарките се подготвени за предизвикот. Првиот натпревар е утре од 18:00 часот (дополнително ќе биде објавен линк за директен пренос), а реванш средбата е во недела во 11:00 часот.

ЕХФ ЕЛ: Металург не знаеше за одбрана… Играше ли Еурофарм Пелистер во второто полувреме?

Во Европската лига на ЕХФ, денеска своите натпревари од третата рунда ги одиграа и Металург и Еурофарм Пелистер. Скопската екипа не знаеше за одбрана, а битолскиот состав како да не излезе на теренот во вториот дел. Од 18:45 часот, во спортската сала „Боро Чурлевски“, Еурофарм Пелистер го пречека Кадетен Шафхаузен, но за жал одигра нерешено и не успеа да ја запише премиерната победа во натпреварувањето. Екипата на Жељко Бабиќ имаше напад за +8, но не го реализираше па во последните секунди од првото полувреме, швајцарскиот тим го намали резултатот на…

Измени во стручниот штаб на Брестовац, повикан и Гоце Георгиевски

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Данило Брестовац, ја направи првата измена од последниот скратен состав за квалификациските натпревари од ЕП 2022 против Финска и Швајцарија. Во составот како замена влезе Гоце Георгиевски, откако Мартин Поповски мора да остане во карантин по вчерашниот позитивен тест на корона. Заедно со него се и Мартин Велковски и Марио Танкоски. Имаше измени и во стручниот штаб, па на местата на Александар Царчев и Никола Матлиески ќе бидат Ице Соколески и Раде Стојановиќ. Денеска се тестирани сите луѓе од тимот па за наша среќа резултатите…

СКАНДАЛ ВО НАЈАВА: Судии од Косово наместиле натпревар во ЕХФ?

Balkan Handball

Натпреварот од првата рунда во групната фаза на Европската Лига при ЕХФ помеѓу Шафхаузен Кадетен и ГОГ во Швајцарија, е под истрага поради сомнение за наместена победа. Дуелот е завршен со 29:28 за домаќините со гол од пенал 1 секунда пред крајот, скоро и на истекот од времето. Имено, неколку обложувалници го блокирале овој натпревар или драстично ги смениле коефициентите поради сомнителни уплати. Меѓу нив е и „Danske Spil“, кои се изјасниле во врска со овој настан. Тие потврдиле дека биле сведоци на чудни уплати и менување на коефициенти. Не…