ЕП: Хрватска против Франција – класик помеѓу Норвешка и Данска!

Европското ракометно првенство во женска конкуренција е пред самиот крај, откако денеска се комплетираше групната фаза и го добивме сите четири патници во полуфиналните дуели. Со огромната победа на Хрватска над Германија, составот на Ненад Шоштариќ успеа да се пласира на завршниот турнир и да закаже дуел со великанот Франција. За Хрватска, ова е одличен турнир и големо изненадување приредија во спортската јавност – но, тоа е токму најпотребното во овие денови. Во вториот натпревар, силите ќе ги одмерат скандинавските ѕверки Норвешка и Данска и ќе приредат вистински класик. Данска…