Селекторот на Македонија го објави списокот: 5 ракометарки на ЖРК Куманово за двомечот со Романија

Селекторот на Женската ракометна репрезентација, Симе Симовски го објави конечниот список од 20 ракометарки кои ќе му бидат на располагање за бараж двомечот против Романија, кој може да обезбеди учество на СП оваа година во Шпанија. Помеѓу нив, се најдоа дури 5 ракометарки од составот на ЖРК Куманово: Марија ЈовановскаАнгела ЈанкуловскаАлександра БоризовскаЈована КипријановскаТамара Ивановска Ова не е изненадување бидејќи Куманово бележи одлични резултати и во својот тим има таленти кои претендираат за двојната круна во Македонија. Романија е искусен и квалитетен противник кој важи за апсолутен фаворит. Првиот натпревар, нашата…

ЖРК Куманово ја освои лигата без пораз во првиот дел од сезоната

Женскиот ракометен клуб Куманово без пораз го освои есенскиот дел од Првата ракометна лига на Македонија. Со денешната победа на гостински терен кај Стружанка со 25:34, ЖРК Куманово остана на првата позиција со 34 бодови, односно 11 победи и 1 реми во првиот дел од сезоната. Тимот во сите 11 натпревари лесно ги реши сите противници, а најтешко беше во Скопје против Вардар СЦБТ кога ремизираа и одиграа 28:28. Зад нив, Чаир е со 30 бодови, Вардар со 28, а Металург во својот последен настап за оваа година ќе се…

Историски резултат: Женската фудбалска репрезентација со прва гостинска победа

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со победа ги заврши квалификациите за Европското Првенство, но не успеа да обезбеди пласман. На натпреварот во Казахстан, нашата репрезентација стигна до првата победа на едно гостување во официјален натпревар иако беа без селекторот Кирил Изов. Македонија славеше со 0:3, резултат кој беше обезбеден по скоро 40 минути игра во првото полувреме. Рочи стрелаше два пати на додавања од Андонова, а Шемсовиќ го постигна третиот погодок. Во вториот дел, нашите девојки им ја препуштија играта на домаќинките, кои иако имаа иницијатива не успеаја ниту да постигнат…

РАКОМЕТ ЖЕНИ: Куманово прими едноцифрен број на погодоци, сигурна победа и на Вардар СЦБТ

Денеска на програмата беше 11-та рунда од Првата женска ракометна лига, а по долго време, комплетирани беа сите 6 натпревари. Поради непарниот број на екипи, слободен беше Чаир. Во терминот од 12:00 часот, се одиграа два натпревари. Спартак лесно се справи на гости со Шампион и оствари победа од 22:31, додека пак, Металург Скопје на домашен терен забележа изненадувачки пораз од Стружанка со тесен резултат 21:22. Тимот на Гевгелија убедливо славеше против Кузман Вардар (најслабиот во првенството кој има 0/9) со 34:22 во терминот од 14:00 часот. Три часа подоцна,…

По фудбалот, нови одлуки и за ракометот!

Ракометната федерација на Македонија ги исвести клубовите од машка и женска конкуренција, дека од денес сите натпреварувања се ставени во мирување. Одлуката се должи на измените во Протоколот за организација на спортски натпревари во услови на пандемија кој беше официјализиран во текот на вчерашниот ден. „Ве известуваме дека натпреварите при национален систем на РФМ во Суперлигата и Првата машка ракометна лига и натпреварите од женската ракометна лига се ставени во мирување. Мирувањето се должи согласно измените на Општиот протокол за организирање на спортски настани во услови на пандемија со ковид-19,…

РАКОМЕТ ЖЕНИ: Куманово и Вардар ремизираа, Металург лесно го совлада Ѓ.П.

Вчера на програмата беа средбите од 10-та рунда во Првата женска ракометна лига на Македонија. Во дерби дуелот помеѓу ЖРК Вардар СЦБТ и ЖРК Куманово во Скопје добивме нерешен резултат од 28:28. Од гостинскиот тим на Ненад Краљевски се пожалија дека во последниот напад имале поништен погодок на нивната ракометарка, но сепак се задоволни со постигнатиот успех. Директниот конкурент на Куманово за првата позиција, тимот на Металург Скопје, оствари висока и лесна победа на гостувањето кај ЖРК Ѓорче Петров со 18:35. Екипата има и натпревар помалку, па сега ситуацијата на…

Во вечното дерби-подобар Металург, Куманово ја пречекува Деспина

Вчера, во дерби дуелот од 9-та рунда во женската ракометна Суперлига на Македонија, славеше составот на Металург со 28:21 над Вардар СЦБТ. Во првиот дел од натпреварот резултатот беше неизвесен, а на одмор, ракометарките на Металург заминаа само со 1 погодок позитива, 12:11. Вардар покажа сигурна и цврста игра во текот на целиот натпревар, но нивниот отпор падна 10-тина минути пред крајот, па предноста се искачи на +7. Најефикасна во домашниот тим беше Гугуљанова со 6 погодоци а веднаш зад неа со по 5 беа Тасевска и Божиновска. Кај вардарки,…

Вардар СЦБТ немилосрден против Кузман, Кометал со нов пораз

Вчера на програмата беа скоро сите натпревари од 8-та рунда во женската ракометна Суперлига на Македонија. Се одиграа три средби, две беа одложени а слободна беше екипата на ЖРК Куманово. Рундата утре ќе ја комплетираат Гевгелија-Чаир во 20:00 часот. Во првиот натпревар, ЖРК Вардар СЦБТ беше немилосрден и го декласираше ЖРК Кузман Вардар со огромни +40 разлика, односно 52:12. На полувреме, резултатот на семафорот беше 25:5. Со оваа победа, Вардар се изедначи на врвот со Куманово со максимален учинок од 7 победи. Половина час подоцна, во 15:30 започна дуелот помеѓу…

ЖРК Куманово славеше во дерби дуелот со Металург

Женскиот ракометен клуб на Куманово со 30:23 славеше на гости во дерби натпреварот со ЖРК Металург Скопје. Тоа беше судир на две досега непоразени екипи, кои во претходните рунди, заедно со Вардар СЦБТ кој исто така славеше во оваа рунда со 17 голови разлика над Шампион, покажаа најмногу. На полувреме, Куманово имаше 2 голови предност, односно резултатот по 30 минути игра беше 11:13. По голем број на грешки на почетокот на второто полувреме на тимот од „Автокоманда“, гостинките отидоа на брзи +5, па го диктираа темпото до крајот на натпреварот.…

ЖРК Куманово игра во полн ритам, па победи со +40

Женскиот ракометен состав на Куманово го совлада тимот на Кузман Вардар со 52:12 (25:4), па со една одиграна средба повеќе ќе биде лидер на табелата од Суперлигата. ЖРК Куманово е на 6 победи во 6 одиграни натпревари, а ЖРК Вардар СЦБТ оствари победа од 40:19 против ЖРК Овче Поле и се изедначи со екипата на ЖРК Металург на можни 15 бодови. Во тимот на Куманово, најефикасна беше Мила Трајковиќ со 9 погодоци а зад неа на листата на стрелците беше Бранкица Марковиќ со 6. Марија Ивановска и Катарина Митровиќ пак,…