ЖРК Куманово ја освои лигата без пораз во првиот дел од сезоната

Женскиот ракометен клуб Куманово без пораз го освои есенскиот дел од Првата ракометна лига на Македонија. Со денешната победа на гостински терен кај Стружанка со 25:34, ЖРК Куманово остана на првата позиција со 34 бодови, односно 11 победи и 1 реми во првиот дел од сезоната. Тимот во сите 11 натпревари лесно ги реши сите противници, а најтешко беше во Скопје против Вардар СЦБТ кога ремизираа и одиграа 28:28. Зад нив, Чаир е со 30 бодови, Вардар со 28, а Металург во својот последен настап за оваа година ќе се…

ЖРК Куманово се разбуди од европскиот сон – во два наврати подобра беше Галичанка Лавов

Женскиот ракометен клуб Куманово денеска го заврши учеството во Европскиот Куп на ЕХФ откако испадна од украинскиот тим Галичанка Лавов во 1/16 финале, со вкупни 64:43. Македонскиот претставник поради немање на можности во својот град, и домашната средба ја одигра на гости во рок од 3 дена. Првиот натпревар беше на програмата во петок од 18:00 часот, а домаќинот стигна до убедлива и лесна победа со 33:17. Мила Трајковиќ и Александра Боризовска постигнаа по 4 погодоци, а Катарина Митровиќ забележа солидни 11 интервенции. Денеска со почеток од 11:00 часот, се…

Познат составот на ЖРК Куманово за првиот дуел со Галичанка

Познат е составот на ЖРК Куманово за првиот дуел со Галичанка во Лавов денеска од 18:00 часот. Тренерите на Куманово нема да ги имаат на располагање Марија Јовановска на голманската позиција и Ангела Јанкуловска која игра како лев бек. ЖРК Куманово: Катарина Митровиќ (Г); Александра Боризовска (К), Бранкица Марковиќ, Ана Шарановиќ, Медеа Чокели, Мила Трајковиќ, Јована Кипријановска, Тамара Ивановска, Наталија Пецанова, Амела Џакмиќ, Сара Цветановска, Тамара Краљевска, Хана Бечирхоџиќ, Нина Краљевски и Ива Димитривска; Судиската двојка доаѓа од Белорусија – браќата Буткевич. Украинската ракометна федерација директно ќе го пренесува натпреварот…

ЖРК Куманово по еден ден патување, пристигна во Лавов – утре е првиот предизвик

ЖРК Куманово пред малку пристигна во Лавов, Украина откако вчера во попладневните часови тргна на долг пат целата екипа и стручниот штаб на тимот. Поради реконструкција на салата во Куманово, екипата на Ненад Краљевски ќе одигра две средби на гости против Галичанка Лавов во нокаут фазата од Европскиот Куп на ЕХФ, односно 1/16 финале. Во нашиот состав, атмосферата е одлична и ракометарките се подготвени за предизвикот. Првиот натпревар е утре од 18:00 часот (дополнително ќе биде објавен линк за директен пренос), а реванш средбата е во недела во 11:00 часот.

РАКОМЕТ ЖЕНИ: Куманово прими едноцифрен број на погодоци, сигурна победа и на Вардар СЦБТ

Денеска на програмата беше 11-та рунда од Првата женска ракометна лига, а по долго време, комплетирани беа сите 6 натпревари. Поради непарниот број на екипи, слободен беше Чаир. Во терминот од 12:00 часот, се одиграа два натпревари. Спартак лесно се справи на гости со Шампион и оствари победа од 22:31, додека пак, Металург Скопје на домашен терен забележа изненадувачки пораз од Стружанка со тесен резултат 21:22. Тимот на Гевгелија убедливо славеше против Кузман Вардар (најслабиот во првенството кој има 0/9) со 34:22 во терминот од 14:00 часот. Три часа подоцна,…

ЖРК Куманово остана без домашен терен, двапати ќе игра во Лавов

Поради реконструкција на Спортската сала во Куманово, женскиот ракометен клуб нема да игра на домашен терен во двомечот со украинска Галичанка, во рамките на 1/16 финалето од нокаут фазата на Европскиот ЕХФ Куп. Составот на ЖРК Куманово ќе игра во Лавов двапати. Првиот натпревар е закажан за 20.11.2020 во 18:00 часот, додека реванш средбата каде како “домаќин“ ќе се води нашиот претставник, е во 11:00 часот два дена подоцна. Тимот на ГК Галичанка е шесткратен шампион во првенството на Украина, троен освојувач на купот и актуелен шампион во Балтичката лига.…

ЖРК Куманово го доби противникот во ЕХФ Купот

Единствениот македонски претставник во Европскиот Куп на ЕХФ, тимот на ЖРК Куманово, денеска го доби својот противник во 1/16 финалниот двомеч. Станува збор за украинската екипа Галичанка Лавов, која доаѓа во ЕХФ Купот откако испадна во квалификациското 1/2 финале од Европската лига, која е воедно и посилно натпреварување. Првиот натпревар е планирано да се одигра на 14-ти ноември во Украина, а реванш средбата седум дена подоцна, односно на 21-ви ноември во Куманово.

Големо ракометно дерби во женската Суперлига

Денеска на програмата е големото ракометно дерби помеѓу ЖРК Металург Скопје и ЖРК Куманово. Натпреварот започнува во 16:30 часот во салата „Автокоманда“. Ова ќе биде натпревар од седмата рунда, но Металург има одиграно еден дуел помалку од тимот на Куманово, кој е лидер на табелата со 18 бодови по 6 одиграни средби. Составот од Скопје е делба на втората позиција со ЖРК Вардар СЦБТ, кои имаат освоено по 15 бодови, односно максимален учинок. Тимовите на Металург и Куманово се главни фаворити за освојување на титулата во новата сезона од ракометна…

ЖРК Куманово игра во полн ритам, па победи со +40

Женскиот ракометен состав на Куманово го совлада тимот на Кузман Вардар со 52:12 (25:4), па со една одиграна средба повеќе ќе биде лидер на табелата од Суперлигата. ЖРК Куманово е на 6 победи во 6 одиграни натпревари, а ЖРК Вардар СЦБТ оствари победа од 40:19 против ЖРК Овче Поле и се изедначи со екипата на ЖРК Металург на можни 15 бодови. Во тимот на Куманово, најефикасна беше Мила Трајковиќ со 9 погодоци а зад неа на листата на стрелците беше Бранкица Марковиќ со 6. Марија Ивановска и Катарина Митровиќ пак,…

РАКОМЕТ ЖЕНИ: Металург постигна 52, Куманово 35…

Вчера се одиграа три средби во рамките на 5-та рунда од женската ракометна Суперлига на Македонија. Во терминот од 16:00 часот, екипата на ЖРК Металург постигна неверојатни 52 погодоци против тимот на ЖРК Кузман-Вардар, кој остана на само 11 и забележа катастрофален пораз, но во дуел со еден од најсилните колективи во лигата. На врвот од листата на стрелците беше Дамчевска од Металург со 10 постигнати голови. ЖРК Куманово тргна во поход по нови 3 поени во исто време како и тимот со кој го делат првото место. Кумановки беа…