Не чекавме долго, го добивме првиот службен резултат на СП во Египет!

Бевме загрижени, и еве се случи по краток период – го добивме првиот службен резултат на Светското првенство во ракомет, кое оваа година се одржува во земјата на пирамидите, Египет. Денешниот натпревар помеѓу Германија и Зеленортските Острови ќе биде регистриран со 10:0 за германскиот тим, а причината е повеќе од јасна – африканската селекција нема доволен број на подготвени ракометари, по денешното ново тестирање. Се појавиле уште два позитивни случаи, па екипата е со 9 играчи, а според правилата, потребно е најмалку 10 од кои еден ќе биде голман. Зеленортските…