ФОТО: ФК Работнички ги презентираше зимските засилувања!

Работнички го засили ростерот со пет нови фудбалери во пресрет на стартот на зимските подготовки. Во клубот повторно ќе заиграат Марио Станковски кој се враќа од Борец и Андреј Лазаров кој минатата година играше во Тиквеш. Сосема нови играчи кои ќе се борат за успех на Работнички, се: Марјан Ристовски и Бурхан Мустафа кои исто така заедно доаѓаат од Борец, но и Андреј Кировски од ФК Силекс. Мустафа ќе ја засили конкуренцијата на голманската позиција, Лазаров и Ристовски ќе конкурираат за средниот ред, Кировски ќе делува во одбраната, додека Станковски…