БИБЛ ЛИГА: Ќе има ли Македонија уште еден претставник во втората фаза?

Регуларниот дел од БИБЛ Лигата е пред самиот крај, преостануваат уште три натпревари, од кои еден е одлучувачки за вториот дел од сезоната. Тоа е средбата помеѓу ТФТ Скопје и Ибар Рожаје. На скопскиот тим му е потребна било каква победа над црногорскиот тим, за да обезбеди нова групна фаза со еден од израелските учесници. Во овој случај, од Топ 4 ќе испадне Тиват, кој моментално има учинок од 4 победи и 6 порази. ТФТ е на 3 победи и 6 порази, но има подобар меѓусебен дуел со екипата од…

Падна и Ибар – КК Куманово се враќа дома со максимален учинок и втора фаза во БИБЛ!

Кошаркарскиот клуб Куманово со резултат 66:82 го совлада црногорски Ибар од Рожаје и обезбеди втора фаза во регионалното БИБЛ натпреварување. Со втората победа за помалку од 24 часа, КК Куманово е со 5 победи и 4 порази во „балканската лига“, односно Група Е. Со овој успех, тимот обезбеди учество во втората фаза односно Топ 4 од оваа група, без разлика на резултатот од последната рунда со бугарски Берое. Куманово повторно одигра сигурен натпревар и ги освои сите квартали. Кумановци се враќаат на обврските во домашното првенство, каде ги очекува пресметка…

Ибар славеше во Куманово – лош старт за тимот на Мирковски во новата година!

Ибар од Рожаје со 81:79 славеше во Куманово, во заостанатиот натпревар од втората рунда во БИБЛ. Во 1/4, КК Куманово покажа игра која требаше да гарантира победа доколку се продолжеше со слично темпо. Но, тимот сосема падна во вториот период, па на полувреме заминаа со 42:42. Второто полувреме можеби требаше да даде психолошка предност за гостите, но имавме лоша игра и од двете страни со голем број на лоши одлуки во нападот и слаба одбрана. Гостите ја започнаа 4/4 со 1 поен позитива, па на некој начин и го одржуваа…

Библ: ТФТ се враќа со празни раце од Рожаје – висока победа за Ибар!

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје се враќа со празни раце од Рожаје, по денешниот пораз од Ибар со 96:79, во 8-та рунда од БИБЛ лигата. Ова е само четврти одигран натпревар за еден од нашите двајца претставници, во оваа регионално натпреварување. ТФТ започна добро и имаше 2 поени предност по 10 минути игра, но веќе во вториот период, бевме сведоци на огромен пад во екипата на Боро Смилковски па резултатот беше високи 44:24 во полза на домаќинот Ибар Рожаје. Во второто полувреме, ТФТ тргна поагресивно и ја доби 3/4 со 20:29.…