Ангеловски организира мини тренинг камп – голем простор за играчите од домашниот шампионат!

Селекторот на македонската фудбалска селекција, Игор Ангеловски и неговиот стручен штаб ќе организираат мини тренинг камп на кои се повикани фудбалери од домашниот шампионат и неколкумина од странство кои добија дозвола од клубовите да бидат дел. На тренинг кампот од 15-ти до 17-ти февруари се повикани 20 фудбалери, а ќе биде одигран контролен натпревар против Работнички. Селекторот Игор Ангеловски прати повик до следните фудбалери: Голмани: Ристо Јанков (Работнички), Костадин Захов (Шкендија); Одбрана: Филип Најдовски (Тирана, Албанија), Томе Китановски (Македонија Ѓ.П.), Коста Манев (Академија Пандев), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Фатих Исмаили…

Игор Ангеловски ќе ја предводи Македонија на ЕВРО 2020!

Раководството на ФФМ и селекторот Игор Ангеловски ги усогласија ставовите околу новиот договор и досегашниот предводник ќе биде на селекторското место на македонската фудбалска репрезентација на Европското Првенство 2020, кое ќе се одигра во јуни оваа година. Како што ветивме пред јавноста за нашиот прв избор за селектор, денеска потврдуваме дека го продолжуваме патот кон успехот. Со Игор лесно се договоривме за сите детали околу продолжување на соработката бидејќи и кај него и кај нас владееше позитивно расположение успехот што го направивме да го продолжиме заедно. Ние сме професионалци и знаеме дека…

Да го завршиме овој циклус со победа, порачаа Ангеловски и Тричковски

Во пресрет на денешниот натпревар против Ерменија, Ангеловски и Тричковски се едногласни – „да го завршиме овој циклус со победа.“ “Не сум селектор кој калкулира, па на нерешено и не знам да играм, тоа ми е маана. Ќе играме на победа со сите расположливи сили, играме натпревар кој ни значи. Сепак, секој позитивен резултат ќе не однесе во Б-Лигата, тоа е приоритет. Јас ќе го извадам максимумот од играчите за да победиме.” „Атмосферата е одлична и на највиско ниво, мотивацијата никогаш не ни недостасувала – не’ краси тоа. Индивидуално и тимски…

„Имаме должност да се бориме, императив е да се пласираме во Б лигата“

Денеска македонската фудбалска репрезентација игра против составот на Естонија во Скопје од 15:00 часот во рамките на Лигата на нации. На прес-конференција, селекторот Игор Ангеловски појасни дека тимот мора да се бори бидејќи има желба за пласман во посилната Б лига. Со Естонија имаме должност и желба да се бориме и да докажаме дека нема да застанеме само со пласман на Европското првенство. Ако ги добиеме двата дуели би биле први, па императив за нас е да победиме и да се пласираме во Б лигата Во нашиот тим, денеска нема…

Говорот на Ангеловски: Како селекторот ги мотивираше нашите јунаци?

Дечки, сето она што го направивте – го направивте заедно. Вие сте среќа за илјадници луѓе и гордост за Вашите фамилии. Со Вас создадовме едно семејство, не само заради вашиот талент, туку и поради вашите човечки вредности и позитивен дух. Денес, после 5 години Вие сте едно тело. Денес Горан е Барди, денес Барди е сите ние. Денес Бобан, Аријан, Стефан, Аце, Влатко, Кире, Столе, Егзон, Висар, Даре, Ѓоко, Тихо, Крсте се едно! Денес Елиф е Нестор, а Нестор е Иве! Денес Столе има шест раце, денес и Шишко и…

Ангеловски објасни: Прекините и задната линија да ја затвориме, се почнува од нас!

Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација, во кратко видео обраќање за ФФМ објасни каде ги бара слабостите на домаќините и преку кои играчи можеме да направиме позитивен резултат. Нешто најважно што треба да го направиме е да ги оставиме нивните два одбранбени играчи под притисок, да не можат да организираат напад, да идат на долга топка. Да имаме поголем посед од нив, бидејќи играат многу широко па треба да го искористиме просторот. Тука се најопасните наши поединци, Елиф, Горан па да нападнеме на задната линија, потпомогнати од Џани и Стефан во…

Ангеловски: Имаме мали проблеми… Ќе одлучуваат нијанси!

Македонската репрезентација денеска ги започна подготовките за дуелот со Грузија, а во среда патува за Тбилиси. Селекторот на нашата најдобра фудбалска селекција, Игор Ангеловски, се соочува со одредени проблеми во однос на фудбалерите кои се на списокот за настап, но се надева дека со пристигнувањето на сите играчи ќе се надмине неизвесноста во однос на настапот на играчите и подготвени ќе ја дочекаме големата пресметка.  „Од фудбалерите кои пристигнаа во репрезентативната база, за жал, Даниел Божиновски е позитивен на Ковид-19 и нема да биде во комбинација за овие натпревари. Денеска…

Ангеловски повика неколку нови фудбалери за дуелот со Грузија

Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, повика 4 нови фудбалери за натпреварот против тимот на Грузија. Како што веќе знаеме, мечот ќе се игра во среда во 20:45, како четврта рунда од група 2 во лига Ц, од Лигата на нации. Се работи за четворица играчи од националното првенство на Македонија. Селекторот ги повика: Љупчо Дориев и Енур Торте од Шкендија, Дарко Мицевски од Вардар и десниот бек Томе Китановски, од Македонија Ѓ.П. Поради повреда на колено, Стефан Спировски ќе биде надвор од терените, а Енис Барди нема право…

ОФИЦИЈАЛЕН СОСТАВ: Шишковски на голот, Тричковски во шпицот на нападот

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација го објави списокот на првите 11 за дуелот против тимот на Естонија, во рамките на третата рунда од Група 2 во Лига Ц од Лигата на нации. Натпреварот започнува во 18:00 часот од стадионот во Талин „A. Le Coq Arena“, со директен пренос на СпортКлуб 2 (ХРВ), (СРБ). МАКЕДОНИЈА: ПРВ ТИМ: Шишковски; Алиоски, Ристевски, Зајков, Ристовски; Спировски, Николов; Трајковски, Хасани,Костадинов; Тричковски (К);РЕЗЕРВИ: Барди, Божиновски, Несторовски, Пандев, Стојановски, Велкоски, Велковски. За овој меч, тренерот не може да смета на: Бејтулаи и Тошевски поради повреди, Муслиу поради…

Ангеловски: Настапот на ЕП е во наши раце

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, одлучно посочи дека иднината ние ја креираме – настапот на претстојното Европско Првенство зависи од нас самите. Настапот на ЕП е во наши раце. Добро знам што можат момците и ќе го сторат тоа. Задача ни е да бидеме подготвени за секое сценарио. Сигурен сум дека од фудбалерите, на овој меч ќе го видите најдоброто. Го почитуваме максимално противникот, но кога ќе почне мечот размислуваме само на победа. На чело на репрезентацијата, Ангеловски е од 2015 година. Од тогаш, имаме изиграно 39…