КАКО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО: Италијански гигант на продажба додека се бори за титула?

Големата светска криза и празните стадиони допринесоа големи финансиски минуси во светот на фудбалот и ситуацијата станува се потешка. Како пренесува „Коријере дело спорт“, семејството Жанг планира да го продаде Интер и веќе ја ангажирала банката на Ротшилд да го стори тоа. Кинезите вложија повеќе од 700 милиони евра, но Интер испадна од престижната Лига на шампиони. Тимот е во реална борба за италијанското „скудето“ каде заостанува само 1 бод пред Милан со ист број на одиграни средби, а „Нероазурите“ денеска го декласираа и Кротоне со 6:2. Исто така, јасно…