(ВИДЕО) ФФМ за инцидентот во Штип: Сликите кои ги видовме, за жал, не се во согласност со пораките кои ги праќаме!

Фудбалската федерација на Македонија излезе со официјално соопштение за денешниот инцидент во Штип, помеѓу навивачките групи на Брегалница и Тиквеш. Во целост го пренесуваме ставот на ФФМ: „За жал, денеска бевме сведоци на инцидент кои го предизвикаа дел од навивачките групи на ФК Брегалница и ФК Тиквеш во пресрет на меѓусебниот дуел меѓу двете екипи на Градскиот стадион во Штип.  Сликите кои ги видовме, за жал, не се во согласност со пораките кои Фудбалската федерација на Македонија постојано ги праќа до сите чинители во нашиот спорт – НЕ за дискриминација,…