1. МФЛ: Беласица со прва победа, 2. МФЛ: Брегалница и Тиквеш не знаат за пораз

Вчера беа започнати, а денеска комплетирани 11-та рунда од Првата македонска фудбалска лига, односно 10-та во второто по јачина натпреварување кај нас. Во 13:30 часот, вчера пет натпревари ја отворија рундата број 11 во 1. МФЛ, а денеска во Кратово беше комплетирана. Тимот на Беласица ја запиша првата победа во оваа сезона и тоа на гостувањето во Струмица против Академија Пандев. Иако Ѓорѓи Стоилов го постигна водечкиот погодок, Беласица собра сили и дојде до изедначување пред крајот на првиот дел преку голот на Зоран Митевски. Напаѓачот на гостите, Стефан Сулев…