Историски резултат: Женската фудбалска репрезентација со прва гостинска победа

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со победа ги заврши квалификациите за Европското Првенство, но не успеа да обезбеди пласман. На натпреварот во Казахстан, нашата репрезентација стигна до првата победа на едно гостување во официјален натпревар иако беа без селекторот Кирил Изов. Македонија славеше со 0:3, резултат кој беше обезбеден по скоро 40 минути игра во првото полувреме. Рочи стрелаше два пати на додавања од Андонова, а Шемсовиќ го постигна третиот погодок. Во вториот дел, нашите девојки им ја препуштија играта на домаќинките, кои иако имаа иницијатива не успеаја ниту да постигнат…

Историја за новиот клуб – ТФТ направи победничко „сефте“ во Суперлигата

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје од Тафталиџе ја забележа првата победа во историјата на клубот во рамките на најсилното национално првенство. Составот на Боро Смилковски оствари победа од 79:69 на гостувањето во Струга, против КК Црн Дрим. За ТФТ Скопје ова е прва победа во националното првенство откако за прв пат настапуваат во најелитната лига. Во првата рунда беа неуспешни во Куманово, но во втората, го направија победничкото „сефте“ и го пробија ледот. Најефикасен во ТФТ беше американецот Тајрон Харис со 33 поени, 9 скокови и 3 асистенции. Плејмејкерот имаше индекс…

ФК Дандлк влезе во историјата на ЛЕ – скоро невозможно е некој друг тим да успее во истото

Ирскиот фудбалски клуб Дандлк, на вчерашниот меч во Лондон против Арсенал, направи неверојатен статистички резултат и влезе во историјата на Лига Европа. Фудбалерите на Шејн Кигн загубија со 3:0 од тимот на Микел Артета, но, не направија ниту еден прекршок на целиот натпревар – што е неверојатно, мора да признаеме. За фер-плеј играта, на ФК Дандалк му беше честитано од сите страни во фудбалскиот свет бидејќи скоро е невозможно да се остане без фаул против Арсенал со 3 примени погодоци на такво тешко гостување. * Арсенал имаше 20 прекршоци.

Лоренцо Мусети влезе во историјата на тенисот

Младиот италијанец Лоренцо Мусети, денеска влезе во историјата на АТП тенисот, откако забележа уште една победа на домашниот турнирот во Сардинија, од категоријата 250. Мусети ќе игра 1/2 финале на еден АТП турнир, а тоа го прави најмлад играч во историјата на тенисот, кој е роден во 2002 година. Италијанецот до тука стигна без изгубен сет, откако ги победи Пабло Куевас, Андреа Пелигрино и Јаник Ханфман. За влез во финалето, ќе игра против србинот Ласло Џере, кој исто така оствари три победи со по 2:0. Тенискиот свет се надева дека…