Пандев во друштво на Перуци, Барези, Костакурта…

Горан Пандев влезе во друштвото на најдобрите откако на мечот против Торино го забележа својот 450-ти настап во италијанското првенство, Серија А. Капитенот на македонската репрезентација е на 34-то место на вечната листа на фудбалери со најголем број на настапи во „калчото“. Пандев е во широко друштво на легендарните Андреа Пирло (495), Анџело Перуци (479), Франко Барези (471), Алесандро Костакурта (458) и Роберто Баџо, кој има само 6 настапи повеќе. Горан Пандев до ваков рекорд стигна играјќи за Анконитана, Лацио, Интер, Наполи и Џенова, а досега има одиграно 26.378 минути.…

Денеска се враќа „Бундес“, утре „Калчо“

По скоро 3 месеци, се враќа германската Бундес Лига. Првенството вечерва во 20:30 го отвораат ланскиот шампион Бајерн Минхен и екипата на Шалке. Утре пак, во 18:00 часот на домашен терен Фиорентина ќе го пречека тимот на Торино во првото коло од Серија А. Како и секоја година па така и оваа, германците отвораат во петок. Бајерн Минхен ќе ја пречека екипата на Шалке и ќе се обиде да ја оправда фаворитската улога во првото коло. Нови членови на Бундес Лигата за оваа сезона се: легендарниот и чест член во…