Вистинско засилување доаѓа во Битола! Карим Хендави е нов голман на Еурофарм Пелистер!!!

Битолскиот ракометен клуб, Еурофарм Пелистер, одлучи да ја засили голманската линија – го потпиша најдобриот египетски голман, искусниот Карим Хендави. Хендави има 32 години, а веќе подолг период е во врвот на европскиот ракомет со својот талент и знаење. Доаѓа од романска Добруџа, а пред тоа настапуваше 2 сезони и за турски Бешикташ. Голманот ќе се приклучи на тренинзите кај Жељко Бабиќ по завршувањето на СП во неговата земја. Денеска селекцијата на Египет го отвори првенството со победа над Чиле од 35:29. Новиот голман на битолскиот клуб е висок 188…