Барселона прилично лесно против ПСЖ, Кил излезе како победник во тешката битка со Веспрем!

Денеска започна „Фајнл Фор“ турнирот во „Ланксес Арена“ во Келн, каде силите ги одмерија Барселона и ПСЖ во првиот, односно Кил и Веспрем во вториот натпревар. Со почеток од 18:00 часот, Барселона прилично лесно и доминантно одигра против „богатите французи“ и славеше со 37:32. На полувреме, шпанскиот гигант имаше 18:14, па во вториот дел се играше ракомет убав за око кој ни понуди „гол за гол“ цели 30 минути. Финалето го обезбеди целата екипа, тоа е сигурно, но мора да се напомене во прв план одличната партија на Дика Мем,…

АНАЛИЗА: Барселона и Веспрем убедливи, изненадување во Германија

Денеска се одиграа три средби од машката ракометна Лига на шампиони, а дуелот помеѓу Вардар и Елверум беше одложен. Како изненадување, можеме да го наведеме поразот на Кил од составот на Нант. Французите со високи 8 голови разлика, 27:35 го растурија германскиот тим на нивен терен. Одличниот и искусен шпанец, Валеро Ривера беше стрелец на 10 голови за Нант но остана и најефикасен на натпеварот. Голманот Емил Нилсен, беше од големо значење бидејќи имаше неколку клучни одбрани кога Кил беше во мал налет, за на крај да достигне до бројката…