Објавен списокот на женската фудбалска репрезентација за дуелот со Франција

Македонската женска репрезентација, на 22-ри септември ја пречекува Франција на Националната арена „Тодор Проески“, во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021. За нашата женска репрезентација, ова ќе биде шестиот дуел, откако претходно го победивме Казахстан, а на два пати неуспешни бевме со Србија и Австрија. Моќната Франција е на 2/2 во групата Г, со гол разлика 9:0 Кирил Изов за натпреварот против Франција нема да може да смета на Наташа Андонова (К) поради повреда и Гентјана Рочи поради суспензија од жолти картони. Селекторот за овој дуел испрати повик до…