Кирил Лазаров – најдобар десен бек во последните 10 години!

Легендата на македонскиот спорт, Кирил Лазаров, е прогласен за најдобар десен бек во последните 10 години, според реномираниот портал Handball-Planet. Порталот ги објави резултатите од „NEXE“ изборот за најдобар играч во изминатата декада, или период од 10 години. Во жирито беа тренери (21), ракометни легенди и новинари од различни земји. Овој состав бираше најдобар играч на секоја различна позиција, а Кире Лазаров убедливо го освои првото место како најдобар десен бек со дури 67% од гласовите. Зад него, на втората позиција беше Ласло Наџ со 23%, а третопласиран беше Алекс…

Второ коло од машката ракометна Супер Лига

Денеска во 18:00 часот, второто коло од машката Супер Лига ќе го отворат екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Работнички. Скопјани одат на мегдан во Битола, по поразот од Бутел Скопје во првото коло. Младиот тим на Еурофарм Пелистер исто така лошо ја започна сезоната, но со тесен пораз од тимот на Металург Скопје. Во терминот од 18:30, Прилеп ќе ја пречека екипата на Металург Скопје, а Јуниор КВ на гости во Струга ќе бара поправен испит. Во 19:00 часот имаме еден дуел, а силите ќе ги одмерат Радовиш и…

Денеска започнува машката ракометна Супер Лига

Металург и втората екипа на Еурофарм Пелистeр денеска во 18:00 ја отвораат новата сезона од машката ракометна Супер Лига. Регуларниот дел од оваа сезона ќе биде одигран така што се направени 2 групи по 7 тима. Секое коло ќе биде слободна по една екипа од двете групи, односно колото ќе биде одиграно со 6 натпревари. Во првата А група се: Тинекс Пролет Скопје, Радовиш, Охрид, Струга, Астраион Струмица, составот на Кирил Лазаров, Голден Арт КЛ7 и Јуниор КВ. Втората Б група ја сочинуваат: Металург Скопје, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Младост…