Куманово го доби тимот од Стара Загора – втора позиција во БИБЛ групата!

Кошаркарскиот клуб Куманово славеше над КК Берое со 93:80, по одличното прво полувреме кое им припадна на избраниците на Игор Ѓорѓиевски со 42:31. Првиот квартал беше на висина на задачата во нападот со 29 постигнати поени, но и со 22 примени. Во вториот се зголеми разлика и по 23:19, Куманово на одмор замина со високи 11 позитива. Следното полувреме ни понуди мал отпор на гостите од Бугарија кои ја добија ¾ со 16:18 и минимално ја намалија предноста. Сепак, победата “мораше“ да остане кај домашната екипа, па „сино-белите“ одиграа рутински во…

БИБЛ: ТФТ го наплати долгот од првата средба со Куманово, и тоа повеќе пати!

Тимот на ТФТ Скопје го наплати долгот од првата средба со Куманово, и тоа повеќе пати, откако на домашен терен убедливо славеше со 83:54. Екипата од Тафталиџе имаше огромна позитива уште на полувреме со 49:25, каде се виде дека гостите не се во можност да слават и по трет пат во оваа сезона, а втор во регионалната БИБЛ Лига, па ТФТ ги однесе бодовите овој пат. Во второто полувреме, се играше нешто поопуштено, но со голем број на грешки па сликата на теренот изгледаше катастрофално и не наликуваше на професионален…

Куманово во полн трк по изолацијата – нов дуел со ТФТ оваа недела

Кошаркарскиот клуб Куманово излезе од изолација и веднаш започна со тренинзите и физичката подготвеност пред новиот дуел со скопскиот ТФТ, втор во БИБЛ лигата. Последниот натпревар за кумановци беше поразот од ФМП Академија на 7-ми ноември во националното првенство. Следуваа низа на проблеми и долга изолација на целиот тим, за конечно од вчера да бидат слободни по негативните тестови. Средбата со ТФТ Скопје е планирано да се одигра во четврток од 19:00 часот во главниот град. Во првиот натпревар во Куманово, подобар беше домаќинот со 90:83. Одиграа и еден меч…

Американците си заминаа од Куманово, клубот донесе двајца нови играчи

Пред самиот почеток на БИБЛ лигата, летните засилувања од Америка, Хулио Гуити и Џош Селби го напуштија КК Куманово, а тимот потпиша двајца нови играчи. Гуити е отпуштен бидејќи не ги исполни очекувањата, а Селби е се уште наш играч и би можел да се врати во клубот во 2021 година. Него го ослободивме поради два смртни случаи во семејството и тој сега е во САД, објасни тренерот Мирковски Во Куманово повратник е плејмејкерот Јован Црниќ, кој минатата сезона беше дел од тимот неколку месеци, а како нова четворка во…