ФМП Академија падна во Куманово! Кожув го изненади Работнички!

На натпреварот, првите три четвртина завршија со нерешен резултат, иако водството ги менуваше страните се до последниот период, кога Куманово успеа да одигра подобра одбрана од ФМП Академија и да победи со 72:66. По првата четвртина, бројките на семафорот беа идентични, а тимовите имаа по 22 поени. КК Куманово оствари и +7 предност на средината од вториот период, при резултат 33:26, но гостите од Скопје успешно се вратија во краток временски период и на полувреме екипите заминаа со 35:35. Во второто полувреме, на двапати ФМП Академија имаше +4, но овој…

Со триминутен „блиц-крик“, Кожув го скрши отпорот на младите „металци“!

Се чини дека гостинската екипа како да имаше сили за неполни 20 минути. На гостувањето во Гевгелија, МЗТ Скопје Уни Банка покажа дека има талент, но и дека треба многу да работи во обидот да дојде до потребното искуство за играње на прволигашки натпевари, особено на гостински терен. Триминутната серија, односно една добра четвртина, втората, му ја донесе на Кожув победата на овој натпевар. КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА     100:79 Многу подобар почеток имаа младите гостински кошаркари. Во шест минути направија предност од (18:10), која не ја задржаа и…

Петровиќ со ФМП го сруши поранешниот клуб

ФМП Академија го совлада КК Куманово на домашен терен со 91:89, во неизвесна завршница. Поранешниот тренер на Куманово, Александар Петровиќ, го победи сегашниот тренер a бивш на ФМП, Владимир Мирковски со што се изедначија на бодовното салдо. Тренерите направија рокада на крајот на претходната сезона, но во првата средба поуспешен беше повозрасниот стратег. ФМП до победата стигна по неизвесна завршница и шутирање на голем број на слободни фрлања. Последната четвртина ја добија со 24:19 и ја однесоа во своја полза разликата. На полувреме, тимот од Куманово имаше водство од 42:45.…