Не чекавме долго, го добивме првиот службен резултат на СП во Египет!

Бевме загрижени, и еве се случи по краток период – го добивме првиот службен резултат на Светското првенство во ракомет, кое оваа година се одржува во земјата на пирамидите, Египет. Денешниот натпревар помеѓу Германија и Зеленортските Острови ќе биде регистриран со 10:0 за германскиот тим, а причината е повеќе од јасна – африканската селекција нема доволен број на подготвени ракометари, по денешното ново тестирање. Се појавиле уште два позитивни случаи, па екипата е со 9 играчи, а според правилата, потребно е најмалку 10 од кои еден ќе биде голман. Зеленортските…

Позитивни случаи во КК Куманово – одложена средбата со ТФТ Скопје

Вториот натпревар помеѓу овие две екипи во рамките на БИБЛ лигата што требаше да се одигра вечерва од 19:00 часот, е одложен. Организаторите на регионалното натпреварување добиле информација за два позитивни случаи на Ковид-19 во составот на Куманово, па донесена е одлука натпреварот да се одложи и да се најде нов термин откако здравствените власти одлучат колку време екипата ќе биде во карантин. Во првиот меч, Куманово славеше на домашен терен со 90:83.