МВР: Апелираме до граѓаните да не се групираат за следење на натпреварот

Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение дека се преземени сите потребни мерки за беспрекорна организација и одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Косово, на националната арена „Тодор Проески“. Во соопштението стои дека се преземени сите мерки и активности за гарантирање на безбедноста на фудбалерите и другите учесници од пристигнувањето во Скопје, за време на натпреварот и по одигрување на мечот. Тие исто така не испуштија да им посочат на граѓаните да останат во своите домови и да не се групираат за следење на натпреварот, што е во најмала…

(ФОТО) Македонската репрезентација го одржа официјалниот тренинг

Македонската фудбалска репрезентација, денеска рано наутро, го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар со Косово, во рамките од 1/2 финалето на Лига на нации, за пласман на ЕП 2020. Нашите фудбалери во понеделник ги започнаа подготовките за историскиот натпревар кој може да ни овозможи финале против Грузија или Белорусија и шанса за пласман во групната фаза од Европското Првенство. Македонија против Косово е утре со почеток во 20:45, а пред тоа, во 18:00 часот играат нашите потенцијални противници во завршната рунда.

ФФМ: Натпреварот со Косово најверојатно без публика, средствата ќе бидат рефундирани

Македонската фудбалска репрезентација, на 8-ти октомври со почеток во 20:45 часот, треба да го одигра плеј-оф натпреварот против Косово во рамките на Лигата на нации, кој има тежина на 1/2 финален квалификациски дуел за Европско првенство. Доколку нашата репрезентација биде поуспешна од противникот, во финалната рунда ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Грузија и Белорусија. Првичниот термин беше закажан за 26-ти март во 20:45 часот, но поради новонастанатата ситуација со пандемијата од Ковид-19, натпреварот беше одложен. Месец дена пред тоа, билетите беа пуштени во продажба, па голем број од…