Работнички реагира за скандалозно судење во Кратово, бараат расчистување (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Работнички од Скопје излезе со официјално соопштение за денешната средба во Кратово против Силекс. Тие реагираат за судиските одлуки и посочуваат дека се драстично оштетени. „Почитувани, Фудбалскиот клуб Работнички како долгогодишен член на Првата фудбалска лига на Република Македонија и поранешен повеќекратен шампион на државата чувствува потреба да ги изнесе видувањата за сканадалозните случувања на првенствениот натпревар кој нашиот тим го одигра денеска во Кратово против Силекс. Би сакале да ве информираме за следниве работи: ФК Работнички е драстично оштетен на натпреварот против Силекс во Кратово (4-3). Клубот…