Металург го пречекува Криенс во 2. квалификациско коло од ЛЕ

Металург Скопје денеска со почеток од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, го пречекува швајцарски Криенс во првиот натпревар од 2. квалификациско коло од Лига Европа при ЕХФ. Екипата од Скопје е комплетна и подготвена за првиот дуел, откако сите направени тестови за Ковид-19 се негативни. Швајцарскиот тим вчера допатува во главниот град и го одржа својот официјален тренинг. Арбитри на денешната средба ќе бидат Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска, а делегат на натпреварот ќе биде македонецот Камер Металари. Според се уште истата одлука која е на сила,…