ФМП Академија падна во Куманово! Кожув го изненади Работнички!

На натпреварот, првите три четвртина завршија со нерешен резултат, иако водството ги менуваше страните се до последниот период, кога Куманово успеа да одигра подобра одбрана од ФМП Академија и да победи со 72:66. По првата четвртина, бројките на семафорот беа идентични, а тимовите имаа по 22 поени. КК Куманово оствари и +7 предност на средината од вториот период, при резултат 33:26, но гостите од Скопје успешно се вратија во краток временски период и на полувреме екипите заминаа со 35:35. Во второто полувреме, на двапати ФМП Академија имаше +4, но овој…

Куманово и ТФТ ги добија противниците во втората фаза од БИБЛ

Кошаркарскиот клуб Куманово и кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје, ги добија противниците во втората фаза од регионалното БИБЛ натпреварување. КК Куманово ќе биде во групата Г заедно со Хапоел Холон и Академик Пловдив, додека пак ТФТ Скопје е дел од групата Ф, заедно со Берое и Хапоел Хилбоа. Тимовите кои обезбедија уште едно разигрување се поделени во 2 групи од по 3 тимови, каде ќе играат меѓусебно по два натпревари, на домашен и на гостински терен. Како што и беше организирано, не можеше да се сретнат клубови од една иста држава.…

БИБЛ ЛИГА: Ќе има ли Македонија уште еден претставник во втората фаза?

Регуларниот дел од БИБЛ Лигата е пред самиот крај, преостануваат уште три натпревари, од кои еден е одлучувачки за вториот дел од сезоната. Тоа е средбата помеѓу ТФТ Скопје и Ибар Рожаје. На скопскиот тим му е потребна било каква победа над црногорскиот тим, за да обезбеди нова групна фаза со еден од израелските учесници. Во овој случај, од Топ 4 ќе испадне Тиват, кој моментално има учинок од 4 победи и 6 порази. ТФТ е на 3 победи и 6 порази, но има подобар меѓусебен дуел со екипата од…

Падна и Ибар – КК Куманово се враќа дома со максимален учинок и втора фаза во БИБЛ!

Кошаркарскиот клуб Куманово со резултат 66:82 го совлада црногорски Ибар од Рожаје и обезбеди втора фаза во регионалното БИБЛ натпреварување. Со втората победа за помалку од 24 часа, КК Куманово е со 5 победи и 4 порази во „балканската лига“, односно Група Е. Со овој успех, тимот обезбеди учество во втората фаза односно Топ 4 од оваа група, без разлика на резултатот од последната рунда со бугарски Берое. Куманово повторно одигра сигурен натпревар и ги освои сите квартали. Кумановци се враќаат на обврските во домашното првенство, каде ги очекува пресметка…

Куманово оствари важна победа против Тиват, денеска играат со Ибар!

КК Куманово оствари важна победа на првото гостување од мини-турнејата во Црна Гора, откако беше поуспешен од екипата на Тиват со 83:90. Со овој триумф, КК Куманово влезе во најдобрите четири екипи од Група Е, па сега има реални шанси да се бори за следната фаза од БИБЛ лигата. Составот на Игор Ѓорѓиевски го имаше водството во текот на целиот натпревар, благодарејќи на прецизните шутеви од дистанца, односно погодените тројки – 15 од 31 обид. Најкорисен беше Александар Андрејевиќ со индекс 28, кој оствари „дабл-дабл“ учинок. Србинот имаше 19 поени…

КК Куманово на мини-турнеја во Црна Гора – ќе бидат ли само туристи или ќе се вратат со успех!?

Екипата на Куманово, за помалку од еден ден ќе одигра две средби во регионалната БИБЛ Лига – првин со Тиват, натпревар од седмата рунда, а утре со Ибар Рожаје, одложена средба од четвртата рунда. Денешниот меч е со почеток од 18:00 часот, каде Куманово ќе ја бара својата четврта победа во осмиот натпревар оваа сезона, бидејќи досега забележа 4 порази. Првата средба во Македонија заврши со 78:83 за гостите од Тиват, иако нашата екипа имаше „егал“ пред почетокот на последната четвртина. Противникот има исто така негативен биланс, но со 2…

Пелистер до нова „стотка“ и просек 100.1, Куманово со нов тренер во нов пораз!

Денеска на програмата од Првата машка кошаркарска лига имавме четири натпревари во рамките од 12-та рунда, каде добивме интересни и „високи“ резултати. Денот го отворија екипите на Црн Дрим и Вардар, во неизвесен дуел кој се играше во полно темпо, а домаќините снемаа сили во последниот период. Екипата на Вардар славеше со 68:81, и ја оствари втората победа по 10 одиграни мечеви. Прв на листата на стрелци беше Ташковски со 25 поени. Во терминот од 17:00 часот, Куманово со нов тренер, го пречека тимот од скопско Тафталиџе, ТФТ. Игор Ѓорѓиевски…

Мирковски си замина, КК Куманово има нов тренер

Досегашниот тренер на КК Куманово, Владимир Мирковски, не се задржа долг период во клубот бидејќи си поднесе оставка по 6 месеци работа. Мирковски го замени Петровиќ во јуни, кога пристигна од ФМП Академија. Сега, по заминувањето, на негово место ќе застане кумановецот Игор Ѓорѓиевски, кој беше помошник на скопскиот стратег. Од неофицијални извори дознаваме дека немало најдобра соработка помеѓу голем дел од играчите со тренерот Мирковски, кои очигледно не го дадоа својот максимум на последните натпреварите во БИБЛ, но и националното првенство на Македонија.

Прв пораз за Пелистер, „луд“ натпревар за Куманово во Гостивар!

Вчера беа одиграни неколку заостанати натпревари кои донесоа интересни резултати. Имавме три средби од четвртата рунда, но и еден дуел од третата. Во терминот од 16:00 часот, рутинска победа над очајниот Црн Дрим запиша составот на ФМП Академија. Екипата од Скопје, водеше во текот на целиот натпревар, а крајниот резултат беше со високи +21, односно 65:86, каде се издвои Атанасов со „дабл-дабл“ учинок – 21 поен и 12 скокови. Нешто подоцна, од 17:30, до крај неизвесен дуел одиграа тимовите на Кожув и Вардар, каде победникот го добивме по продолжение од…

Куманово губеше, па му покажа „мускули“ на Вардар!

Куманово го совлада тимот на Вадар на гостински терен со 95:86, откако на полувреме имаше мала негатива, 49:46. Првата четвртина му припадна на Вардар со само еден кош предност, 23:22, за да во втората имаа 26:24 и минимална предност на полувремето. Во вториот дел, Куманово правеше помал број на грешки и успешно реализираше во нападот за 14:25 во 3/4. Последниот период, скоро цело време го диктираше гостинскиот состав на Владимир Мирковски за +10 позитива. Пред самиот крај, Вардар ја спушти негативата на само 5, но без ниту една шанса за…