ЖРК Куманово остана без домашен терен, двапати ќе игра во Лавов

Поради реконструкција на Спортската сала во Куманово, женскиот ракометен клуб нема да игра на домашен терен во двомечот со украинска Галичанка, во рамките на 1/16 финалето од нокаут фазата на Европскиот ЕХФ Куп. Составот на ЖРК Куманово ќе игра во Лавов двапати. Првиот натпревар е закажан за 20.11.2020 во 18:00 часот, додека реванш средбата каде како “домаќин“ ќе се води нашиот претставник, е во 11:00 часот два дена подоцна. Тимот на ГК Галичанка е шесткратен шампион во првенството на Украина, троен освојувач на купот и актуелен шампион во Балтичката лига.…