Лејкерси стигнаа до 17-та титула во историјата

Лос Анџелес Лејкерс можат повторно да се радуваат, откако по 11 години се повторно шампиони. Тогаш, трофејот го подигна легендарниот и за жал човекот кој веќе не е помеѓу нас, Коби Брајант. Тимот на Френк Вогел беше доминантен во текот на целата регуларна сезона, но и во целиот плеј-оф, па сега заслужено се на врвот со 17-та титула во историјата на клубот. Па така, се изедначија со Бостон Селтикс по бројот на освоени наслови. ЛеБрон Џејмс го забележа 11-от „трипл-дабл“ учинок во НБА финалињата, постигнувајќи 28 поени, 14 скокови и…

Лејкерс 3, Батлер 2 – продолжена серијата од големото финале

Мајами со 111:108 го победи Лејкерс, во петтиот натпревар од серијата во големото НБА финале па моментално е на 2:3 негатива. Џими Батлер беше надвор од теренот само неверојатни 49 секунди, откако го одигра скоро целиот натпревар со 47:11 минути во игра. Тој постигна 35 поени, а имаше 12 скокови и 11 асистенции со што оствари „трипл-дабл“ учинок. На другата страна, ЛеБрон Џејмс беше најефикасен на натпреварот со 40 поени и 13 скокови за „дабл-дабл“. Ист учинок создаде и Ентони Дејвис. Четворката на Лејкерс постигна 28 поени и имаше 12…

НБА: Лејкерси со 12 скокови во напад и со 9 украдени топки, за вкупни 3:1

Лос Анџелес Лејкерс стигна до третата победа во серијата со Денвер Нагетс и прв меч-топка за влез во големото финале. Но, можно ли е и трето враќање на Мари и Јокиќ во третиот дуел по ред? Ентони Дејвис беше најефикасен на натпреварот со 34 поени. Веднаш зад него, беше Џамал Мари со 32 поени. Леброн Џејмс постигна 26 поени, а Двајт Хаурд со „дабл-дабл“ учинок беше еден од главните фактори на овој меч за Лејкерс. Тој постигна 12 поени и имаше 11 скокови. Лејкерси со 12 скокови во напад и…