Составот на РК Еурофарм Пелистер за новата сезона

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола, ги објави официјалните броеви на сите членови за новата 2020/21 сезона. Тимот ќе се натпреварува во регионалната СЕХА Лига и Лига Европа, за која веќе е познат и распоредот до крајот на групната фаза. Еурофарм Пелистер 2020/21: 21. Градимир Чаневски (капитен)16. Благојче Трајковски4. Никола Марковски59. Елмир Граџан10. Томислав Кушан23. Марин Вегар7. Дејан Кукуловски24. Милоран Кукоски9. Стипе Мандалиниќ11. Невен Стјепановиќ30. Мартин Велковски2. Матео Мареш3. Гоце Ојлески6. Бојан Маџовски13. Мирко Радовиќ66. Милан Ѓукиќ19. Ненад Костески14. Марио Танкоски18. Јосип Периќ Жељко Бабиќ (тренер)Божидар Мојсов (асистент тренер)Ице Соколески…

Металург и Еурофарм Пелистер ги добија противниците во Лига Европа

Денеска во Виена, се одржа ждребот за групната фаза од Лига Европа, па РК Металург Скопје и РК Еурофарм Пелистер ги добија своите противници во второто по квалитет европско клупско натпреварување. Металург е избран во Група А, заедно со екипите на: Адемар Леон (ШПА), Висла Плоцк (ПОЛ), Чеховски Медведи (РУС), Феникс Тулуз (ФРА) и Фејверс (АВС). За тимот на Металург Скопје ова е тешка група, која ќе понуди вистински дуели во сите 10 натпревари. Но, да се надеваме дека ќе изборат пласман во екипите кои водат во следната фаза. Еуфорарм…

Тотенхем лесно со Шкендија, Шарлроа го исфрли Партизан

Тотенхем во Скопје лесно го совлада тимот на Шкеднија со 1:3. Партизан испадна после 2 продолженија од белгиски Шарлроа со вкупни 2:1. Тотенхем поведе уште во 5-та минута преку Ламела на одлично додавање од Сон. Во второто полувреме, Шкендија дојде до изедначување во 55-та минута со голот на Нафиу. Но, англичаните преку Сон поведоа со 1:2 во 70-та, а со 1:3 во 79-та минута со голот на Кејн. Тотенхем доминираше на теренот и со половина гас се пласираше во плеј-оф рундата од Лига Европа. Со вкупно 17 шутеви, од кои…

Металург го пречекува Криенс во 2. квалификациско коло од ЛЕ

Металург Скопје денеска со почеток од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, го пречекува швајцарски Криенс во првиот натпревар од 2. квалификациско коло од Лига Европа при ЕХФ. Екипата од Скопје е комплетна и подготвена за првиот дуел, откако сите направени тестови за Ковид-19 се негативни. Швајцарскиот тим вчера допатува во главниот град и го одржа својот официјален тренинг. Арбитри на денешната средба ќе бидат Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска, а делегат на натпреварот ќе биде македонецот Камер Металари. Според се уште истата одлука која е на сила,…

Бесарт Ибраими закажа дуел со Тотенхем

Шкендија на гостински терен беше подобра од тимот на Ботошани со голот на извонредниот Бесарт Ибраими. Македонскиот тим поведе веднаш во 2′ минута со единствениот шут го рамките на голот. Во првото полувреме, натпреварот беше изедначен според креирани шанси и доминација на теренот. Но, во второто полувреме, романскиот тим апсолутно го диктираше темпото. Го имаа поседот, изводоа 6 корнери (Шкендија 0), имаа 8 удари од кои 3 во рамките на голот. Се обидоа да го израмнат резултатот, но Шкендија остана сконцентрирана и се одбрани до самиот крај. Во следното коло,…

Македонските екипи денеска на европски мегдани

Денеска, во второто претквалификациско коло од Лига Европа, три македонски екипи ќе ги одмерат силите за прогрес во трето коло. Во првиот меч, ФК Ренова ќе ја има најтешката задача поради фактот што го пречекува хрватски Хајдук Сплит. Дуелот започнува во 15:30 часот со директен пренос на српскиот канал, Арена Спорт 1. Нешто подоцна, од 17:45 во Романија, домаќин на ФК Шкендија ќе и биде Ботошани. За крај, ФК Силекс во Кратово ќе го угости составот на Дрита, откако испаднаа од првото коло во квалификациите за ЛШ од Карабах. На…