Стефани Фрапар – женски судија со реноме, за прв пат во натпревар од ЛШ

Стефани Фрапар ќе ја дели правдата на мечот помеѓу Јувентус и Динамо Киев, кој ќе се одигра утре во Торино со почеток од 21:00 часот. Станува збор за 36-годишна французинка која долго време е во светот на фудбалот, а минатата година беше и во Суперкупот на Европа, кога дополнително се стекна со заслужената популарност. Со оваа добиена доверба, Фрапар ќе влезе во историјата на Лигата на шампионите како прв женски судија кој делел правда на еден натпревар во машка конкуренција.

СОСТАВИ: Вардар – Порто, една повреда за Алушовски

Вечерва во 20:45 часот во Скопје, Вардар го пречекува Порто во рамките на петтата рунда од ракометната Лига на шампиони. Во екипата на РК Вардар 1961, поради повреда ќе недостасува Кристијан Дисингер. Директен пренос од натпреварот ќе врши националниот сервис (МТВ1) од 20:40 часот, а противник за македонскиот тим ќе биде одличниот Никола Митревски, кој е неприкосновен на голот на португалскиот шампион.

РК Вардар 1961 утре го започнува “Тешкото“

Ракометниот клуб Вардар 1961, утре го игра својот прв натпревар од групната фаза во ракометната Лига на Шампиони. Новиот проект на чело со Стевче Алушовски како главен тренер, ќе има тешка задача првин на оваа гостување, а подоцна и на останатите натпревари бидејќи е дел од пеколна група со вкупно 8 екипи. Во новиот формат на ЕХФ, натпреварувањето е одредено со Група А и Група Б, а со вкупно 16 екипи. Првите 2 од групите одат во четвртфинале, од 3 до 6 место одат во плеј-оф (за да се формираат…