ВИДЕО: Еврогол во македонска трета лига за кој зборува цело село!

Услови типични за овој ранг на натпреварување, со исушена трева на теренот, големи дрвја и без трибини. Сепак има навивачи кои се “обесени“ на оградата и даваат поддршка за своите соселани со коментари исто така адекватни во аматерската лига. Но, во текот на второто полувреме, луѓето беа сведоци на еврогол каков што постигна легендарниот Дидие Дрогба. За македонската верзија, заслужен е 28-годишниот Николче Кимов од Локомотива Градско. Овој тим навистина се труди своите партии да ги доближи на фановите и во моменталната ситуација, па имаат директен пренос на својата Фејсбук…