РК Вардар гостува кај Порто, познат составот со новото засилување!

Ракометниот клуб Вардар 1961 за помалку од еден час ќе го започне дуелот со екипата на Порто, во рамките на Лигата на Шампионите. Порто доаѓа од долга натпреварувачка пауза, кога последниот дуел го одигра на 22-ри декември минатата година, а Вардар по две победи по ред во регионалната Сеха лига пред 3 денови. Португалците одиграа 3 натпревари повеќе и имаат учинок од 2 победи, 2 нерешени и 2 изгубени мечеви. Вардар е надното од групата по 5 одиграни дуели со 1 победа, 1 реми и 3 порази. Во составот на…

ВИДЕО: Сара Ристовска бележи одлични партии за тимот на ЦСКА Москва!

Македонската ракометарка Сара Ристовска, бележи одлични резултати во дресот на руската сила, ЖРК ЦСКА Москва. На денешниот натпревар со тимот на Подравка, Ристовска постигна 4 погодоци, со максимален учинок и му помогна на тимот во својата 9 победа по 11 одиграни рунди за цврста втора позиција во групата Б. До крајот на првата фаза остануваат уште три рунди, па и посакуваме среќа и се надеваме дека нејзината екипа ќе успее да обезбеди директно учество во 1/4 финале. Ристовска има постигнато вкупно 24 погодоци во Лигата на Шампионите оваа сезона. Во…

Манасков со празни раце од Келн, ПСЖ трета ракометна сила во Европа!

Натпреварот помеѓу Веспрем и ПСЖ за бронзената медала за сезона 2019/20 заврши, а како победник излезе францускиот шампион со конечни 26:31. ПСЖ го диктираше темпото во текот на сите 60 минути и изгледаше посигурно за разлика од вчера. Сепак, денеска се играше без голема доза на притисок, но и бронзата не е малку за да се биде трета ракометна сила во Европа. Нашиот Дејан Манасков си заминува од Келн со празни раце, но со солиден настап во последниот меч – успеа два пати да се запише во листата на стрелците.…

ФУТСАЛ: Македонскиот шампион Шкупи се пласираше во најдобрите 32 во Европа

Македонскиот футсал шампион, екипата на Шкупи, со победата од 3:0 над Блу Меџик од Даблин, се пласираше помеѓу најдобрите 32 тимови во Европа. Футсал Лигата на шампиони на УЕФА е во нокаут фаза, а нашиот тим Шкупи обезбеди место во 1/16 финалето. Ирскиот тим дојде во Македонија и го одигра дуелот во арената „Борис Трајковски“, но дома си заминува без понатамошен прогрес. Резултатот во 7-та минута го отвори Сефери преку пенал. Во вториот дел, Соареш со автогол во 30-та минута му ја олесни работата на Шкупи, за да во последните…

Одложена средбата со ПСЖ, тимот на Вардар во карантин

Се одложи натпреварот од 6-та рунда во Група А помеѓу Париз Сен Жермен и Вардар 1961, што требаше да се одигра утре во во Франција со почеток од 18:45 часот. Причината за откажувањето на натпреварот е таа што тимот на Вардар 1961 пријави дека има членови позитивни на Ковид-19 на последното тестирање. По консултациите со ЕХФ, решено е дуелот да биде одложен, па да биде закажан дополнително во друг термин. За нашата екипа, ова ќе биде трет одложен натпревар, по оној со Елверум и ПИК Сегед. Досега, ПСЖ има само…

(ВИДЕО) Никола Митревски се покажа и како добар фудбалски голман

Голманот на македонската ракометна репрезентација и ракометниот клуб Порто, Никола Митревски, во денешната победа на својот клуб имаше феноменален настап. Порто го совлада Пик Сегед со 25:19 и ја оствари втората победа во четвртата рунда. Никола Митревски имаше 15 одбрани на крајот од натпреварот, но една од нив се издвои како спектакуларен потег. При резултат 19:14 за Порто, унгарскиот тим имаше напад без својот голман, па организираше фантастична акција и направи вишок, каде Жоан Кањељас се најде во ситуација подобра од пенал. Но, Митревски со уште подобра интервенција ги изненади…

Вардар го прочита Фленсбург, голема и важна победа за Алушовски

Ракометниот клуб Вардар 1961, на домашен терен го совлада силниот германски состав на Фленсбург. Натпреварот се одигра како 4-та рунда од Група А во Лигата на Шампионите. По еден месец пауза, тимот на Стевче Алушовски одигра натпревар од силното европско натпреварување. Во Скопје гостуваше Фленсбург, кој беше голем фаворит во денешниот дуел. Но, македонскиот шампион ја прочита играта на Мајк Махула. Вардар славеше со 31:26, а на полувреме имаше само 2 голови предност, 17:15. Алушовски одлично ротираше и ги одмораше ракометарите. Не му дозволи на гостинот да наметне своја игра,…