Историја на Купот на Македонија: Три освојувачи во најдобрите четири екипи за оваа сезона – 1/2 финалните двојки се познати!

Националниот фудбалски Куп е во завршна фаза, откако натпреварувањето стигна до 1/2 финале. Пласман во најдобрите 4 екипи обезбедија: Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров, Силекс и Струга. По направениот ждреб во „Куќата на Фудбалот“, беше одредено дека на 7 април 2021 година, силите ќе ги одмерат: МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ СТРУГА – СИЛЕКС Силекс има две титули во Купот, откако првин ја освои втората во историјата на Македонија во сезона 1993/94 против Пелистер, по ФК Вардар една година порано, а нивниот втор трофеј, кратовчани го добија во сезоната…

1.МФЛ: Македонија ЃП и Шкупи ја бркаат Шкендија – сигурни победи за водечките екипи!

Рундата број петнаесет од Првата македонска фудбалска лига донесе сигурни победи за водечките екипи и најави дека ќе имаме интересна и неизвесна борба за титулата до самиот крај. Вчера, Шкендија со рутински 0:2 славеше кај Борец. Лидерот на табелата преку погодок од пенал на Бесарт Ибраими стигна до водство во 25-та минута. Во вториот дел, исто така ја имаа играта во свои раце, па победата ја осигураа во 83-та минута преку Љупче Дориев. Денеска, Македонија ЃП и Шкупи славеа со по 1:3 на гости кај Беласица односно Пелистер и ги…

1. МФЛ: Три победи во низа за Македонија ЃП, реми во Тетово

Денеска се одиграа пет натпревари од осмaта рунда во Првата македонска фудбалска лига. Тимот на Македонија Ѓ.П. со трета победа во низа го совлада тимот на Струга Трим и Лум и се зацврсти на 3-та позиција во лигата со ист број на освоени поени како и Шкупи. Составот на Умит Каран беше убедлив со 3:0 во средбата со Борец. Во Тетово, нерешен резултат имаше помеѓу тимовите на Шкендија и Силекс. Домаќините дојдоа до водство во 25-та минута преку голот на Бесарт Ибраими, но пред крајот на првиот дел, Стефан Ѓуриќ…

Македонија ЃП го совлада Вардар, нерешено во Маџари

Македонија ЃП запиша победа со 2:1 против Вардар и не му дозволи на противникот да врзе две победи. Во Маџари пак, Работнички одигра нерешено со гостите од Струга Трим и Лум. Натпреварот во Ѓорче Петров, уште во 2-та минута со 1:0 го отвори Абдул Калид, 24 годишен напаѓач од Гана. Десет минути подоцна, дефанзивецот на Вардар, Стефан Лазаревиќ го изедначи резултатот. На крајот од првиот дел, со втор гол, Калид повторно му донесе водство на својот тим, па со 2:1 се замина на пауза. Во второто полувреме не видовме погодоци,…