ВИСТИНСКА ЕМОЦИЈА: Победа на Малта во 95′ минута (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Малта, во судиското надополнување ја победи Летонија во рамките на групата 1 во Лига Д, па така ја прекинаa долгата серија без освоени 3 бодови на гостински терен. Селекцијата на Малта, до денешниот триумф, немаше победа цели 7 години на гостински терен, а последниот успех е од март минатата година. Стрелец за огромната победа беше 32 годишниот дефанзивец Стив Борг, за кого ова е само втор погодок во националниот дрес од 47 одиграни натпревари.