Манасков со празни раце од Келн, ПСЖ трета ракометна сила во Европа!

Натпреварот помеѓу Веспрем и ПСЖ за бронзената медала за сезона 2019/20 заврши, а како победник излезе францускиот шампион со конечни 26:31. ПСЖ го диктираше темпото во текот на сите 60 минути и изгледаше посигурно за разлика од вчера. Сепак, денеска се играше без голема доза на притисок, но и бронзата не е малку за да се биде трета ракометна сила во Европа. Нашиот Дејан Манасков си заминува од Келн со празни раце, но со солиден настап во последниот меч – успеа два пати да се запише во листата на стрелците.…