Мандалиниќ останува во Еурофарм Пелистер: Градот и тимот имаат душа, задоволен сум!

Хрватскиот ракометар, Стипе Мандалиниќ, го продолжи договорот со РК Еурофарм Пелистер на уште 1 година и 6 месеци, откако веќе половина година ги брани боите на битолскиот гигант. На половина од неговата прва сезона во Битола, Мандалиниќ и клубот во перфектна согласност дојдоа до продолжување на соработката и за сезоната 2021/22. Мандалиниќ се наметна со својот капацитет, квалитет и харизма и по шест официјални натпревари беше најдобар стрелец на Еурофарм Пелистер оваа есен. Одигра 21 натпревар за екипата и веднаш стана миленик на битолските љубители на ракометот. На Струшкиот турнир…