Пријателски натпревар: Куманово со нерешен исход се враќа од Гостивар

КК Куманово 2009 и КК Гостивар одиграа нерешен пријателски натпревар 84:84, во салата „Младост“ во Гостивар. Првото полувреме отиде во полза на домашниот тим, па гостиварци на пауза отидоа со предност од 11 поени, 50:39. Во вториот дел, подобар беше тимот на Владимир Мирковски со 34:45. Поради повреди, Марјан Србиновски не можеше да смета на Марјан Јанески и Малком Армстед, па поентерски најефикасни беа Александар Костоски со 22, односно Александар Тодоровиќ со 21 поен. Во Куманово, тоа беа Хулио Гуити со 23 поени и Џош Селби со 20. Наредната недела,…