МРК Куманово во тешки услови бележи успешни резултати, следуваат натпревари за влез во Суперлигата и гостување кај Металург во Купот на Македонија

Машкиот ракометен клуб на Куманово моментално настапува во Втората лига, а наскоро ќе ги започне дуелите во плејоф разигрувањето – борба која овозможува пласман во најсилното натпреварување во државата, Суперлигата. Клубот долг период е составен од локални искусни играчи, но и млади таленти кои напорно работат за време на подготвителните и натпреварувачки периоди. Финансиската ситуација и условите во кои треба да се напредува, не се на завидно ниво, но првиот дел од сезоната го изиграа максимално посветено, каде остварија и победи кои на „хартија“ не се очекувани. Во „пролетниот дел“,…

РК Клубови во Европа: Очекуван висок пораз за Металург, Еурофарм Пелистер со ново разочарување!

Македонските ракометни клубови, Металург од Скопје и Еурофарм Пелистер од Битола, вчера одиграа натпревари во Европа, односно регионот. За жал, не беа успешни и забележаа нови порази во своите лиги. Прв на програмата беше Металург, кој во Русија за дуелот со Чеховски Медведи замина со само 11 ракометари. Здравствени проблеми си го направија своето, па Металург се враќа во Скопје со празни раце од 6-та рунда во Европската Лига. Реално за очекување беше и пораз со високи 13 голови разлика, за конечните 40:27. Рускиот состав кој во минатото служеше за…

Голема победа за Тиквеш против Металург, меч со скоро 80 погодоци!

Екипата на РК Тиквеш забележа голема победа над РК Металург Скопје со 40:38, иако на полувреме губеше со 19:20. Самиот натпревар се одлучи неколку минути пред крајот, кога домашната екипа беше повеќе сконцентрирана и имаше поголема желба за победа. Одличен ден имаше голманот на Металург кој забележа 15 интервенции, но овој учинок на Ѓорѓески не му помогна на тимот да слави на гостувањето во Кавадарци. По 9 погодоци имаа Смиљаниќ кај домаќините и Серафимов кај поразените гости. Со оваа победа, Тиквеш има уште шанси за влез во плеј-оф разигрувањето. Потребна…

Металург и без странците лесно се справува во лигашките средби

Металург убедливо го совлада тимот на Младост од Богданци на средбата од 12-та рунда, која вчера се одигра во Автокоманда. Составот на Металург беше без странските играчи, но беа успешни со „македонски погон“ и го надиграа противникот за конечни 37:26 (21:10). Овој натпревар за Металург е петти едноподруго за многу кратко време, и е одигран само ден по тешка средба против екипата на Фиверс во Лига Европа. Но, тоа не се почувствува во играта на ракометарите, кои многу брзо го скршија отпорот на противникот и победата ја извојуваа уште во…

Металург обезбеди плеј-оф разигрување за титулата!

Со денешната победа над РК Работнички, во салата „Јане Сандански“, Металург обезбеди плеј-оф разигрување и борба за титулата во македонската ракометна Суперлига. Металург водеше константно во текот на целиот натпревар и не дозволи простор за евентуално изненадување и поматување на сметките за следната фаза. Мора првин да се напомене дека Ончев имаше одличен меч каде постигна дури 12 погодоци за својот Работнички. Кај победничкиот тим, Хорват и Додиќ постигнаа по 6. Потоа, треба да се потенцира и дека Металург промаши дури 6 седмерци, односно 4/10. Сепак, ракометарите беа успешни во…

По долгата пауза, Металург тргна со победа над Бутел

Ракометниот клуб Металург Скопје, во тесен и неизвесен натпревар, вчера успеа да да го победи тимот на Бутел со 19:20. По долгата пауза, Металург тргна со победа во македонскиот ракометен шапионат, каде во голема борба заслужено ги однесе бодовите од тешкото гостување. Средбата очекувано заврши со мал број на погодоци, бидејќи во последен период и двата тимови имаа големи проблеми со корона вирусот и престојот во изолација. Работите се враќаат на свое место и потребен е краток период за постигнување на физичката подготвеност и влегување во натпреварувачки ритам. Во победничкиот…

РК Металург излезе од карантин – следува пеколен распоред!

Ракометниот клуб Металург Скопје конечно излезе од карантин во кој ги мина последните две седмици, па веднаш тргнува во акција. Пред тимот од „Автокомадна“ следува пеколен распоред – Металург треба да одигра дури 7 натпревари во рок од 12 денови. Дуелите се во рамки на македонската Суперлига, но имаат и едно соочување во Лига Европа. Првиот натпервар е денеска со почеток во 19:00 часот, кога на гостински терен ќе играат против екипата на Бутел. 16 декември, 19:00 часот, сала „Антон Димитров“:  Бутел – Металург (рунда 7) 18 декември, 16:00 часот, сала „Боро…

ЕХФ ЕЛ: Металург не знаеше за одбрана… Играше ли Еурофарм Пелистер во второто полувреме?

Во Европската лига на ЕХФ, денеска своите натпревари од третата рунда ги одиграа и Металург и Еурофарм Пелистер. Скопската екипа не знаеше за одбрана, а битолскиот состав како да не излезе на теренот во вториот дел. Од 18:45 часот, во спортската сала „Боро Чурлевски“, Еурофарм Пелистер го пречека Кадетен Шафхаузен, но за жал одигра нерешено и не успеа да ја запише премиерната победа во натпреварувањето. Екипата на Жељко Бабиќ имаше напад за +8, но не го реализираше па во последните секунди од првото полувреме, швајцарскиот тим го намали резултатот на…

ФОТО: Ракометарите на Металург со видео игри поминаа 3000 километри до Леон, со автобус!

Ракометниот клуб Металург Скопје конечно пристигна во Леон, каде утре треба да одигра натпревар против Адемар со почеток во 20:45 часот. По поминати 3000 километри за 43 часа со автобус, скопскиот тим се смести во хотелот за утре да има лесен тренинг единствено за да ја почувствува подлогата во „Палатата на спортовите“. Од клубот информираа дека сите ракометари се добро и се расположени иако изгубија скоро 2 дена во патувањето до Шпанија. Овој настан предизвика голем интерес во јавноста бидејќи е навистина срамота еден врвен тим да претрпи вакво понижување…

Во вечното дерби-подобар Металург, Куманово ја пречекува Деспина

Вчера, во дерби дуелот од 9-та рунда во женската ракометна Суперлига на Македонија, славеше составот на Металург со 28:21 над Вардар СЦБТ. Во првиот дел од натпреварот резултатот беше неизвесен, а на одмор, ракометарките на Металург заминаа само со 1 погодок позитива, 12:11. Вардар покажа сигурна и цврста игра во текот на целиот натпревар, но нивниот отпор падна 10-тина минути пред крајот, па предноста се искачи на +7. Најефикасна во домашниот тим беше Гугуљанова со 6 погодоци а веднаш зад неа со по 5 беа Тасевска и Божиновска. Кај вардарки,…