Со триминутен „блиц-крик“, Кожув го скрши отпорот на младите „металци“!

Се чини дека гостинската екипа како да имаше сили за неполни 20 минути. На гостувањето во Гевгелија, МЗТ Скопје Уни Банка покажа дека има талент, но и дека треба многу да работи во обидот да дојде до потребното искуство за играње на прволигашки натпевари, особено на гостински терен. Триминутната серија, односно една добра четвртина, втората, му ја донесе на Кожув победата на овој натпевар. КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА     100:79 Многу подобар почеток имаа младите гостински кошаркари. Во шест минути направија предност од (18:10), која не ја задржаа и…

Историја во Аеродром – „пулените“ на МЗТ запишаа прва победа!

Историска победа запиша вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром во дуелот со ФМП Академија, откако на домашен терен славеше со 88:77. Следбениците на првиот тим на МЗТ, конечно остварија една победа во машката кошаркарска Суперлига на Македонија. Минатата сезона ја завршија можеби и очекувано на последното место без ниту еден триумф и 17 изгубени натпревари. Но, оваа година многу бргу го пробија ледот и пред младите талентирани кошаркари следуваат нови предизвици, за кои со сигурност ќе бидат повеќе мотивирани. Поискусниот и посилен противник беше во позитива само по првите 10…