ФМП Академија падна во Куманово! Кожув го изненади Работнички!

На натпреварот, првите три четвртина завршија со нерешен резултат, иако водството ги менуваше страните се до последниот период, кога Куманово успеа да одигра подобра одбрана од ФМП Академија и да победи со 72:66. По првата четвртина, бројките на семафорот беа идентични, а тимовите имаа по 22 поени. КК Куманово оствари и +7 предност на средината од вториот период, при резултат 33:26, но гостите од Скопје успешно се вратија во краток временски период и на полувреме екипите заминаа со 35:35. Во второто полувреме, на двапати ФМП Академија имаше +4, но овој…

МЗТ Скопје загуби од Слобода, па потоа и од лидерот Студентски Центар – се враќаат со негативен учинок!

Составот на МЗТ Скопје ги заврши обврските на вториот турнир во АБА Лига 2, кој беше организиран во Бања Лука. Македонскиот претставник одигра 3 средби, првин со Хелиос од Домжале во која славеше, а потоа забележа два порази по ред – поуспешни беа Слобода од Ужице и лидерот на табелата, црногорски Студентски Центар. „Аеродромци“ сега имаат биланс од 4 победи 3 изгубени натпревари, но и позитива од 11 кошеви, па се наоѓаат на 7-та позиција. Вториот учесник Работнички Скопје, не отпатува на овој турнир поради здравствени проблеми со корона вирусот,…

МЗТ Скопје го совлада Хелиос во уште еден драматичен натпревар од АБА 2! (ВИДЕО)

МЗТ Скопје ја запиша својата четврта победа во новата сезоната од АБА 2 конкуренцијата, откако го совладаа тимот на Хелиос Санс од Домжале, во уште еден драматичен дуел но овој пат во Бања Лука, во рамките од вториот турнир. Хелиос Санс – МЗТ Скопје Аеродром 69:70 (19:23, 17:23, 10:12, 23:12) Нашиот учесник имаше висока предност на скоро целиот натпревар, но, последната четвртина убедливо им припадна на словенците кои стигнаа до само минус 1, откако губеа пред последниот период со 12 разлика. Тие дури имаа и шут за победа, кога во…

За Работнички, новата година не донесе подобрувања – вирусот дополнителна пречка за турнирот во Бања Лука!

Кошаркарскиот клуб Работнички од Скопје, беше спречен да отпатува во Бања Лука за учество на вториот турнир од АБА 2 лигата, поради позитивни играчи на вирусот Ковид-19. Целиот клуб е во карантин и го очекува второто тестирање, но работите не изгледаат оптимистички за во блиска иднина и учество на турнирот. Токму спротивното е одлучено – Работнички го загуби првиот дуел со службен резултат од 0:20 против Спарс Сарајево. Натпреварите со Горица и Златибор беше планирано да се одиграат на 21-ви и 24-ти јануари, но засега се одложени. Да напоменеме дека,…

Бања Лука е домаќин на вториот „балон“ турнир во АБА 2

Вториот „балон“ турнир во АБА Лига 2 за оваа сезона ќе се организира во главниот град на Република Српска, од страна на Борац од Бања Лука. За МЗТ Скопје и Работнички Скопје, по надигрувањата на Златибор, ова ќе биде ново патување и престој во една спортска сала. Тимовите повторно ќе одиграат по 4 средби, а планирано е да бидат во текот на јануари. По првиот турнир и одиграни 4 мечеви, МЗТ има 3 победи и 1 пораз и е на делба на второто место на табелата, додека пак, Работнички, има…

МЗТ скоро до стотка, одлична игра против Борац Б.Л.

Тимот на МЗТ Скопје вчера во последниот натпревар од првиот турнир во АБА Лига 2 на Златибор, одигра фантастично и стигна до убедлива победа против Борац од Бања Лука со 99:75. За составот на Кочов, ова а трета победа во низа по првиот несреќен пораз од Подгорица. МЗТ започна сигурно уште во првата четвртина па и на полувреме замина со сигурни 47:37. Борац не успеа да добие ниту еден период па и во второто полувреме нашиот учесник беше подобар со 42:38. Најефикасен со 24 поени беше Бојиќ, а со 22…

МЗТ Скопје ја зграпчи втората победа

Тимот на МЗТ Скопје ја зграпчи втората победа во сезоната на АБА Лига 2, откако го совлада Широки Брег со 73:80 во турнирот на Златибор. Составот на Кочов успеа да го сопре налетот на противникот во последната четвртина и успеа да го задржи водството од првото полувреме, кое го добија со 35:41. Најкорисен кај нашиот претставник беше Олуџоби со индекс 33. Тој за 32 минути игра постигна 24 поени, 5 скокови, 3 асистенции, 1 украдена топка и имаше 2 блокади. Гачер додаде 7 асистенции и 11 поени, а Дамјан Стојановски…

Најинтересни моменти: Работнички во налет, па славеше и вторпат во АБА 2

Тимот на Работнички Скопје денеска ја забележа и втората победа во третиот настап во АБА 2, откако беше подобар од Ловќен Цетиње со 82:77. По првата четвртина, нашиот учесник имаше само 1 поен предност, но на пауза замина со 39:32. Во второто полувреме, црногорскиот тим беше поуспешен, но високата позитива од првиот дел му донесе нова победа на Работнички и подигнување на самодовербата за последната рунда која ќе се одигра на Златибор на првиот мини-турнир. Средбата е во понеделник од 21:00 часот против филијалата на Партизан од Белград, Младост Адмирал…

АБА2: МЗТ и Работнички го обелеа образот во регионот

Двете македонски екипи кои учествуваат во регионалното кошаркарско натпреварување АБА 2, го обелеа образот во втората рунда, по поразите на самиот старт. МЗТ Скопје и Работнички запишаа премиерни победи во оваа сезона откако беа подобри од Сутјеска односно Подгорица. Во терминот од 17:00 часот, Работнички веднаш ја сфати озбилно работата па по 10 минути игра, тимот на Мираковски имаше предност од дури 18 поени, а на полувреме заминаа со 48:33. Второто полувреме му припадна на црногорскиот тим, но нашата екипа сепак остана сконцентрирана до самиот крај па оствари важна победа…

РАЗОЧАРАВМЕ ВО АБА2: Црногорските тимови беа кобни по нас

Тотално разочарување на стартот од АБА Лига 2 за македонските претставници, откако вчера загуби и МЗТ Скопје Аеродром по претходниот дебакл на Работнички Скопје. „Металците“ беа поразени од Подгорица во тесен и неизвесен меч со 72:74 иако на моменти имаа дури 8 поени предност против црногорскиот тим. Составот од Аеродром имаше добра игра и водство во три четвртини од играта. Но, доста лошо ја одигра последната, за што на крајот и беше казнет од страна на уште една екипа која важи за дебитант во ова регионално натпреварување.  Најефикасен во МЗТ…