(ВИДЕО) Никола Митревски се покажа и како добар фудбалски голман

Голманот на македонската ракометна репрезентација и ракометниот клуб Порто, Никола Митревски, во денешната победа на својот клуб имаше феноменален настап. Порто го совлада Пик Сегед со 25:19 и ја оствари втората победа во четвртата рунда. Никола Митревски имаше 15 одбрани на крајот од натпреварот, но една од нив се издвои како спектакуларен потег. При резултат 19:14 за Порто, унгарскиот тим имаше напад без својот голман, па организираше фантастична акција и направи вишок, каде Жоан Кањељас се најде во ситуација подобра од пенал. Но, Митревски со уште подобра интервенција ги изненади…