Атанасов со убав гол го намали киксот на Јанков

Македонските фудбалери до 21 година, на домашен терен одиграа нерешено 1:1 со екипата на Израел, во рамките на 8-та рунда во квалификациската група 6 за ЕП 2021. Натпреварот го отвори фудбалерот на Израел, Елиас, кој искористи подарок од голманот на Македонија, Ристо Јанков. По изведен корнер на Абада, нашиот чувар на мрежата лошо ја процени топката и му овозможи на противникот да постигне лесен гол од петерецот. Во вториот дел, Израел имаше неколку добри шанси, а останаа и со неискористен удар од белата точка. Митровски направи почетничка грешка и со…

Значаен натпревар за младите репрезентативци

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година, денеска во Скопје го пречекува составот на Израел, во рамките од 8-та рунда во група 6, квалификации за ЕП 2021. Натпреварот започнува во 14:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. По убедливата и сигурна игра во Казахстан, македонската млада репрезентација е пред уште поголем предизвик. Доколку нашите фудбалери стигнат до победа против Израел, ќе остане надежта за пласман на Европското првенство. Моменталната ситуација гласи: 13 освоени бодови во 7 одиграни дуели, но само 7 важечки во табелата за најдобрите второ пласирани екипи, бидејќи победите…

ПОБЕДА: Македонија го растури Казахстан со 4:1, два голови на Чурлинов

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го прегази Казахстан со 4:1 на гостински терен, во нивниот седми натпревар од групната фаза за квалификации на ЕП 2021, откако во првото полувреме бевме доминантни и заминавме на пауза со 0:2. Македонија стигна до 0:1 со голот на Чурлинов во 38-та минута, а во 41-та, Јани Атанасов го зголеми водството на 0:2. На почетокот на вториот дел, во фантастична акција на стрелците на првите 2 голови, Чурлинов го постигна својот втор погодок, а Македонија отиде на вкупните 0:3. Но, 5 минути подоцна, Казахстан…

Денеска играат и младите, неопходна победа на гостувањето во Алмати

Денеска и младинскиот состав на Македонија игра квалификациски натпревар за ЕП 2021. Составот до 21 година гостува во Алмати, против репрезентацијата на Казахстан. Ова е директен дуел за втората позиција, бидејќи и двете држави имаат освоени по 10 бодови, но составот на Казахстан е со еден одигран натпревар повеќе. За нашиот тим и селекторот Благоја Милевски ова ќе биде тешко гостување, но и шанса за евентуален пласман на ЕП што би требало да се одигра во 2021 година. Втората позиција води во една група, каде од сите 9 групи, првите…

МКД до 21: Список на фудбалери за дуелите против Казахстан и Израел

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година, на 8-ми октомври против Казахстан и на 13-ти октомври против Израел го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2021. Натпреварите ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Во четврток со почеток од 13:00 часот, а во вторник во 14:30. Како и до сега, не е дозволено присуство на публика. Селекторот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски, за двете важни пресметки ги избра следниве фудбалери: ГОЛМАНИ: Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Давид ДЕНКОВСКИ (Брегалница), Марко АЛЧЕВСКИ (Академија Пандев); ОДБРАНА: Агрон РУФАТИ (Зорја, Украина)),…