Проблемите станаа реални – Дени Мусовски нема да настапи за Македонија

Дени Мусовски – играчот со македонско потекло кој настапува во МЛС лигата и е член на Лос Анџелес, ја прифати поканата на селекторот Игор Ангеловски да игра за македонската фудбалска репрезентација, но сепак нема да биде достапен во ноемвриската пауза. Поради пандемијата со Ковид-19 и долгите летови, пропратени со карантин, административните работи не можат да се завршат овој период, па младиот напаѓач не може да добие пасош и нема да биде дел од тимот за историскиот меч со Грузија и натпреварите од Лигата на нации. Селекторот објасни дека од ФФМ…