АО: Првата рунда е зад нас – Беноа Пер во свој стил, а вистинските тенисери од врвот без проблеми закажаа нови дуели!

Во понеделник и неговите рани утрински часови, започна првото тениско големо првенство во годината, Австралијан Опен. Новата ситуација со здравствените протоколи не донесе некои големи проблеми, па првиот Грен Слем од сезоната започна во предвидениот термин. Рундата број 1, односно 1/64 финалето заврши денеска во попладневните часови, каде имавме само еден „неочекуван“ резултат во рамките на првите 10 носители. Лесни победи без изгубен сет остварија: Ѓоковиќ (1), Надал (2), Тим (3), Медведев (4), Циципас (5), Рублев (6), Беретини (9), додека со резултат 3:1, место во втората рунда обезбедија Зверев (7)…

Знаат каде треба – млади и познати таленти на тренинг кај Надал!

Феликс Оже-Алијасим, Лоренцо Сонего и Емил Русовори се подготуваа за следната сезона во Академијата на Рафаел Надал. Беше одлично што Ве имавме тука, во изминатите неколку недели. Ви благодарам што ја избравте мојата Академија и Ви посакувам голем успех во претстојната 2021 година, напиша Надал на својот инстаграм профил. Италијанецот Сонего има 25 години и веќе долг период води битка со најдобрите, но, за Оже-Алијасим (20) и Емил Русовори (21) е потребна работа со најдобрите. Нивните шампионски кариери сега започнуваат.

РОЛАН ГАРОС 1/8: Крај за Зверев, историски резултат и за Рубљов

Денеска и утре на програмата се дуелите од 1/4 финалето на Грен Слем турнирот Ролан Гарос, а двајца тенисири остварија најдобри пласмани во своите досегашни настапи. ПРВ ДЕН 1/8: Првиот натпревар од 1/8 финалните дуели го отвори вториот носител на турнирот, Рафаел Надал против младиот Себастијан Корда, син на легендариот Петр. Шпанецот без проблеми ја реши и оваа препрека и со само 4 изгубени гема во 1/4 финале ќе игра со Јаник Синер, кој беше подобар од Александар Зверев со 3:1 во сетови. Младиот италијанец забележа историски резултат со пласман…