НБА: ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

Последна дивизија од вкупно 6 во НБА лигата – Југозапад. Новата сезона започнува вечерва во 1 часот по полноќ со дуелот помеѓу Бруклин и Голден Стејт. Подоцна, од 04:00, се игра градското дерби каде силите ќе ги одмерат Лејкерс и Клиперс. Директен пренос и од двете средби ќе има на регионалниот канал Арена Спорт 1. ХЈУСТОН РОКЕТС Во првата рунда од плеј-офот ги поминаа Тандерс по играње на мајсторка, меѓутоа во полуфиналето беа сопрени од идниот шампион Лејкерс. Оф сезоната да не биде досадна се потруди да ја направи првата…

НБА: ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА

Утре започнува новата сезона од НБА, а ние сме пред самиот крај – претпоследната дивизија е подготвена. Ви ги презентираме тимовите од Југоисточна дивизија. МАЈАМИ ХИТ Дали трикратниот шампион беше пријатно изненадување со играњето во големото финале? И тоа како. Минатата сезона покажа скоро совршена кошарка, благодарејќи на тренерскиот маг, Ерик Сполстра и Пет Рајли. Промени во ростерот немаше многу. Бем Адебајо и Горан Драгиќ добија нови договори. По заминувањето на Џае Краудер, тргнаа во потполнување на дупката на таа позиција. Леонард Мејерс доби нов договор, а од Портланд дојде…

НБА: Северозападна дивизија

Кратко и јасно – на ред е презентирање на тимови од Северозападна дивизија за сезона 20/21. ДЕНВЕР НАГЕТС Лани на лудачки начин влегоа во финалето на западната конкуренција. После двете наоѓање на работ од испаѓање по 3-1 против Јута во првата, односно Клиперс во втората, Нагетси се враќаа во игра, но во големото финале беа сопрени од идниот шампион Лејкерс.    Оваа сезона ќе биде интересна за навивачите на Денвер. Дали можеа да направат подобар тим или не, е доста дискутабилно. Се очекува Мајкл Портер да биде трета опција, бидејќи му…

НБА: Презентирање на тимови од АТЛАНТИК дивизија

По успешните анализи за Централната и Пацифичката дивизија, сега на ред доаѓа и Атлантикот. Во продолжение, ќе Ви ги претставиме екипите на Бостон, Бруклин, Њу Jорк Никс, Филаделфија и Торонто. БОСТОН СЕЛТИКС Лани Бостон испадна од Мајами во полуфиналето на Источната конференција. На сите навивачи на овој клуб уште им е врежана онаа монструозна блокада на Бем Адебајо по обидот на забивање на Џејсон Тејтум. Ќе се прашате што има ново во Бостон, па еве прочитајте во продолжение. Дени Ејнџ по завршување на сезоната веднаш почна да ги поправа работите…

НБА: ПАЦИФИК 2020/21

Откако во претходниот текст наменет за НБА ја претставивме Централната дивизија, каде играат Милвоки, Индијана, Атланта, Детроит и Кливленд, денеска на ред е Пацифичката дивизија. ЛОС АНЏЕЛЕС ЛЕЈКЕРС Што ќе се случеше да не се организираше баблот во Орландо и дали Лејкерс ќе освоеше титула? Прашање кое за жал нема одговор. Но, минатата година имаа мотив како никогаш до сега да ја застанат на врвот, а тоа е смртта на иконата на клубот и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант. Така, стигнаа до седумнаесетата титула во историјата,…

НБА: Претставување на тимови од ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА

Веруваме дека секој што следи НБА и има свој омилен тим, знае дека тимовите се поделени во Западна и Источна конференција, но и по дивизии. Имаме вкупно 6, и тоа: Централна, Атлантичка, Пацифичка, Југоисточна, Југозападна и Северозападна дивизија. Денеска почнува со презентација и претставување на тимовите од централната дивизија, а до самиот почеток на новата сезона ќе ги обработиме и останатите 5. ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА: MИЛВОКИ БАКС Минатата година потфрлија, исто како и претходната, само што овој пат беа сопрени во полуфиналето на источната конференција кога загубија со убедливи 4-1. Во…

НАЈАВА: Вовед во 75 јубилејна НБА сезона!

Минатата сезона, која беше најдолга во историјата на НБА, поради многуте перипетии, протести и несреќи, многумина не предвидуваа дека ќе се заврши. Но, заради одличната организација на „бабл“ турнирот во Орландо, Лос Анџелес Лејкерс ја освои првата титула по 10 години пауза, откако во големото финале беа подобри од Мајами со вкупни 4-2. Бидејќи многу работи беа во неизвесност околу новата сезона, конечно во вторник на 22-ри декември, со натпреварот помеѓу Бруклин Нетс и Голден Стејт Вориорс, ќе започне јубилејната 75 сезона на НБА! – Оваа натпреварувачка сезона, за прв пат…

НБА во Битола: Пелистер го „наполни“ Вардар за сите пари!

Пелистер и Вардар го одиграа заостанатиот натпревар од втората рунда во Првата кошаркарска лига, каде во текот на сите 40 минути, ниту еднаш не се постави прашањето околу победникот, за конечни 122:72. Откако се комплетираше тимот со враќањето на репрезентативното крило Бојан Трајковски, без никаков попуст, „пелистерци“ одиграа крајно мотивирано и стигнаа до вториот успех во сезоната. Екипата од Битола започна фуриозно уште од самиот старт за на полувреме да има 63:31. Со такво темпо, „зелено-белите“ продолжија и во второто полувреме каде се изгледаше рутински и како на тренинг против…

Лејкерси стигнаа до 17-та титула во историјата

Лос Анџелес Лејкерс можат повторно да се радуваат, откако по 11 години се повторно шампиони. Тогаш, трофејот го подигна легендарниот и за жал човекот кој веќе не е помеѓу нас, Коби Брајант. Тимот на Френк Вогел беше доминантен во текот на целата регуларна сезона, но и во целиот плеј-оф, па сега заслужено се на врвот со 17-та титула во историјата на клубот. Па така, се изедначија со Бостон Селтикс по бројот на освоени наслови. ЛеБрон Џејмс го забележа 11-от „трипл-дабл“ учинок во НБА финалињата, постигнувајќи 28 поени, 14 скокови и…