Нора Морк ја одведе Норвешка во финале – дали Франција ќе биде „тврд орев“!?

Финале на Европско Првенство во ракомет за жени – Норвешка против Франција, Нора Морк против жилавиот состав на Оливије Крумболз, две фантастични екипи една против друга, за врвот на Европа. Норвешка славеше во скандинавскиот дуел против Данска со 27:24, иако на полувреме губеше со 10:13. Нора Морк и екипата имаа сили за пресврт и обезбедија финале. Франција пак, рутински се справи со младиот и изморен состав на Хрватска победувајќи со 30:19 од лесни 15:5 во првиот дел. Дуелот е закажан за во недела од 18:00 часот, а во 15:30 пак,…

НОРА МОРК – Норвешкиот бомбардер повторно доминира!

Зад неа се десет операции на колената и долги години надвор од терените. Јавноста советуваше да стави крај на професионалната кариера, имаше и голем број на анкети дека повеќе не треба да го мачи своето тело, но, за 29-годишната ракометарка, тоа е веќе минато… Нора Морк е повторно на највисокото можно ниво и доминира како норвешки бомбардер. Таа е висока само 167цм и е десен бек на репрезентацијата на Норвешка (пред неколку години конкурираше и за најдобар играч во светот на таа позиција), гладна за доминација на меѓународната сцена. Тоа…