Реномираниот “Handball-Planet”: Злато за Норвешка, Данците без медал – на кое место е Македонија?

Традиционално за секое големо натпреварување, реномираниот Handball-Planet ја објави својата прогноза за Светското Првенство во ракомет оваа година. Според нив, најголем фаворит за златната медала е селекцијата на Норвешка, која во замисленото финале би била подобра од Хрватска. Во борба за бронзената медала, Шпанија би била поуспешна од Данска, а за Франција и Словенија нема место во Топ 5 ракометни држави во светот. Според порталот, Македонија ќе обезбеди втора фаза со што ќе биде и нивниот максимум за 21-ва позиција на турнирот. Норвешка Хрватска Шпанија Данска Египет Франција Словенија Германија…

Нора Морк ја одведе Норвешка во финале – дали Франција ќе биде „тврд орев“!?

Финале на Европско Првенство во ракомет за жени – Норвешка против Франција, Нора Морк против жилавиот состав на Оливије Крумболз, две фантастични екипи една против друга, за врвот на Европа. Норвешка славеше во скандинавскиот дуел против Данска со 27:24, иако на полувреме губеше со 10:13. Нора Морк и екипата имаа сили за пресврт и обезбедија финале. Франција пак, рутински се справи со младиот и изморен состав на Хрватска победувајќи со 30:19 од лесни 15:5 во првиот дел. Дуелот е закажан за во недела од 18:00 часот, а во 15:30 пак,…

ЕП: Хрватска против Франција – класик помеѓу Норвешка и Данска!

Европското ракометно првенство во женска конкуренција е пред самиот крај, откако денеска се комплетираше групната фаза и го добивме сите четири патници во полуфиналните дуели. Со огромната победа на Хрватска над Германија, составот на Ненад Шоштариќ успеа да се пласира на завршниот турнир и да закаже дуел со великанот Франција. За Хрватска, ова е одличен турнир и големо изненадување приредија во спортската јавност – но, тоа е токму најпотребното во овие денови. Во вториот натпревар, силите ќе ги одмерат скандинавските ѕверки Норвешка и Данска и ќе приредат вистински класик. Данска…

НОРА МОРК – Норвешкиот бомбардер повторно доминира!

Зад неа се десет операции на колената и долги години надвор од терените. Јавноста советуваше да стави крај на професионалната кариера, имаше и голем број на анкети дека повеќе не треба да го мачи своето тело, но, за 29-годишната ракометарка, тоа е веќе минато… Нора Морк е повторно на највисокото можно ниво и доминира како норвешки бомбардер. Таа е висока само 167цм и е десен бек на репрезентацијата на Норвешка (пред неколку години конкурираше и за најдобар играч во светот на таа позиција), гладна за доминација на меѓународната сцена. Тоа…