Ги видовме слабите страни на БиХ – рутинска победа за Македонија!

Одбојкарската репрезентација на Македонија, рутински со 3:0 славеше против селекцијата на Босна и Херцеговина, во нивниот втор дуел на квалификацискиот турнир во Скопје. Ги видовме и ги научивме слабите страни на репрезентативците на Босна, па без проблеми го добивме вториот меч во рок од четири денови. Во првиот сет имавме константна позитива од 3 поени, која пред самиот крај се искачи и на солидни +5, за 20:25. Во вториот, нешто потешко, славевме на разлика со 24:26, но тоа само можеше да биде од психолошка корист за самиот крај во третиот…

Турција ја оправда фаворитската улога – Македонија ќе се бори за втората позиција!

Заврши првиот квалификациски турнир во Скопје, за Европското Првенство во одбојка оваа година. Во последниот натпревар денеска, Турција ја оправда фаворитската улога совладувајќи ја Македонија со 3:1 за максимални 3 бодови. Со овој пораз, Македонија по досегашните игри, реално е да се бори за втората позиција и да бара пласман на ЕП помеѓу најдобрите второпласирани селекции. Првиот сет убедливо му припадна на турскиот тим со 25:16. Во вториот покажавме подобра игра и го израмнивме резултатот на 1:1 во сетови со 25:18. Но, националниот тим на Турција започна со „полн гас“…

Квалификации за ЕП: Македонија покажа слаба игра со многу грешки, но стигна до посакуваната победа!

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, ги стартуваше квалификациите за ЕП 2021 со победа од 3:0 против Босна и Херцеговина, на првиот од двата турнири кои ќе бидат организирани во Скопје. Првиот сет го одигравме на „мускули“, бидејќи играчите на БиХ имаа предност цело време, дури и 15:8. Направија грешка при резултат 23:24 на наш сервис кога спасивме втора сет топка и сетот го добивме со 27:25. Во вториот, бевме многу посигурни и го наметнавме темпото кое ни одговара. Нашата селекција имаше највисоки +6, но резултатот беше 25:21. Во третиот сет,…

Во понеделник започнуваат квалификациите за ЕП во одбојка!

По лошите подготвителни натпревари против Бугарија, каде освоивме три пати по 1 сет и 2 сетови во првиот меч, дојде и тој период – во понеделник ги започнуваме квалификациите за ЕП 2021 во одбојка. Откако лани имаа успешно деби на европските првенства, целта на македонските одбојкари е да остварат постојаност во учествата на континенталните собири. Шансата за тоа се зголемува, со оглед дека нашиот главен конкурент во групата го откажа настапот во јануарските квалификации за претстојниот собир во септември 2021 година. Поради Ковид-ограничувањата, Данска нема да игра, па нашата селекција…

Данците се откажаа – Скопје е домаќин на квалификациите за ЕП во одбојка!

Откако лани имаа успешно деби на европските првенства, целта на македонските одбојкари е да остварат постојаност во учествата на континенталните собири. Шансата за тоа се зголемува со оглед дека нашиот главен конкурент во групата го откажа настапот во јануарските квалификации за претстојниот собир во септември 2021 година. Поради Ковид-ограничувањата, Данска нема да игра, па нашата селекција ќе се надмудрува со Турција и со Босна и Херцеговина за настап на ЕП. Тоа е добра перспектива, ако се знае дека македонскиот национален тим е 49-та светска сила според актуелната ранг-листа на ФИВБ,…

Македонска одбојка вечерва на МТВ-3!

Последниот натпревар од третата рунда во македонската Прва одбојкарска лига за мажи во сезона 2020/21, вечерва во директен пренос на МТВ 3, со почеток од 20:25. Во спортскиот рекреативен центар „Кале“, ОК „Вардар“ ќе го пречека ОК „Универзитет во Тетово“. Натпреварот започнува во 20:30, а овие две екипи се на максимален учинок со по 6:0 сет количник. Од останатите одиграни средби во третата рунда, ова се постигнатите резултати: Шкендија 3:0 Весна ПробиштипУГД Штип 3:0 Дибра ВолејЏио Струмица 3:0 Јанта ВолејБорец 3:1 Лирија Во продолжение, можете да ја погледнете табелата од…

СЛИКА НА ДЕНОТ: Одбојкар носи заштитна маска за време на натпревар

Лукас Сааткамп е можеби единствениот одбојкар во светот кој носи заштитна маска за време на еден натпревар. Но, не само на овој дуел, играчот на ваков потег се одлучил уште од почетокот на пандемијата па така доаѓа и на долгите и напорни тренинзи. Најверојатно се прашувате зошто го прави тоа кога никој друг не користи заштитна маска за време на натпревар? Во неговата официјална изјава рекол, дека тоа е поради безбедноста на неговиот син кој има белодробно заболување и се наоѓа во ризична група на пациенти. Заради тоа, Лукас не…

(ВИДЕО) Одбојката понекогаш е вистинско чудо, поенот траеше скоро една минута

На одбојкарски меч, во финалето од италијанскиот Супер Куп помеѓу екипите на Лубе и Перуџа, се одигра поен кој не е во рамките на нормалното. Во третиот сет, при резултат 13:17 и сервис за Перуџа, Османи Хуанторена успешно го започна поенот. Во оваа тешка борба, подобар беше тимот на Перуџа, кој воедно и го доби целиот меч со 2:3 во сетови и го освои Супер Купот. Играчите толку многу беа изморени, па тренерот на Перуџа, Витал Хејнен, мораше да повика тајм аут.