ВМФЛ: Осогово ја наполни мрежата на Росоман со 7 погодоци, Брегалница – сигурна!

Денеска се одигра 16-та рунда од Втората фудбалска лига на Македонија, каде имавме голем број на погодоци и интересни резултати. Во центарот на вниманието беше Осогово и победата од 1:7 над Росоман, но и високата победа на Кит Го Пехчево од 5:1 против Плачковица, сигурната победа на Брегалница на гости кај Слога Виница и добриот меч на Каменица Саса со Кожув. Од останатите резултати, Кораб и Дрита по нерешениот резултат на полувреме од 1:1, одиграа меч со 5 погодоци, а целиот плен го однесе гостинскиот тим со конечни 2:3, а…

Осогово постои и во Англија, клубот бил инспириран од нашиот второлигаш

Македонскиот ГФК „Осогово“, кој се натпреварува во источна дивизија од втората фудбалска лига, со својата појава и функционирање бил инспирација за група на луѓе од Англија.  Станува збор за фудбалска екипа, големи ентузијасти од градот Портсмут кој е место со огромна фудбалска традиција поради ФК „Портсмут“ (формиран уште во далечната 1898 година). Групата дошла на идеја да создаде клуб под името ГР (Грасрутс) „Осогово“ што на англиски означува група на луѓе од најосновно ниво а кои функционираат во локална средина. За македонскиот состав слушнале преку социјалните мрежи, па без размислување…